Прочитав за самоубиството на Ентони Бордејн…

Прочитав за самоубиството на Ентони Бордејн…

Суицидната чума ги пушта метастазите се подрско и поинтензивно, и не бира дали си анонимус или јавна личност. Ваљда луѓето меѓу уздите на кариерата и доларчето на врво од пирамидата, или на голата гомнарска егзистенција, забраат на најтривијалните навики, однемат време да зјапат саат време у плафоно и да си напраат два реда муабет со себе, да се ѕверат у небото без причина, да слушат музика, да си ја спремат омилената храна, да се скарат со комшијата па утре па да се опијат заедно. Ваљда живеат успат, шо знам…

И кога банкарското конто стане седум-осум цифрено, кога си легнат на брашното и останат сами со себе, примат ураган од сите тие неодговорени прашања шо ги поставуват архетиповите. Без визуелни симптоми, без фрактури или крварења, само глава пуна мрак и не можноста у кратки црти да се објасне битисувањето.

На ниедно самоубиство целта не му е смрт, туку крај на болката. А болката само мигрира кај другите, шо треба да го оджалат самоволно одземанио живот. Ками вика дека повеќе храброст ти треба да живееш него да се убиеш. Укуражувајте се, разговарајте. Репресијата е подмукол убиец. Консултирајте се со стручни лица. Емоцијата е човеко, се друго е мајмун.

И нормално, бојкотирајте ги наредните избори за ваше добро и за доброто на вашите блиски!!!

Посетено 4.320 пати