ПРИЗНАВАМ!

„Признавам“ е проект кој овозможува анонимно да се споделат најголемите тајни за љубовта, фамилијата, среќата, стравовите, сексот, односите со другите, конфузијата на животот и сите моменти на каење.

priznavam_kerkez

Од 23.04 до 30.04.14 во Concept 37 – дојдете и ослободете се од вашите тајни!
Постојат работи во животот кои немаме храброст да ги кажеме на глас, се плашиме да ги признаеме и ги носиме со себе, во себе. Но, што ако можеме да ги запишеме во потполна дискреција? Што ако почнеме да креираме места каде што е безбедно да се споделува и признава додека пробуваме да ја пронајдеме смислата на животот. Да бидеме дел од групата која креира сигурни места во кои сите наши признанија се испишани и ослободени од осудување.

priznavam_concept37

Признанијата ќе бидат изложувани во текот на целата недела и споделувани на социјалните мрежи –#признавам. Додека на 30.04 (среда) сите тајни ќе бидат ќе може да се прочитаат на ѕидовите на Concept 37.
Проектот е иницијатива на Сандра Камилоска, Андреа Хајди, Кристина Керкез, Мики Стефаноски и Дејан Спиркоски. Девојките кои го реалзизираа проектот “Before I Die” во склоп на кампањата “Слободен си Изрази се!

Confessions*Проектот е инспириран од младата американска уметница Кенди Ченг и нејзиниот проект “Confessions

Посетено 1.228 пати