Прилепчанката и Германката

Дедо Митре од фиљан прилепско село за време на Втората Светска војна, ничим изазвано, се нашол во конц логор во Германија.
Итроман по природа му се обратил на SS одговорниот:

-Види дечко, јас немам врска со логори. Живеам во прилепско село, работам ниви и си имам рало.

-‎Ок дечко – рекол SS -овецот. Арно велиш. Ќе те префрлам во некое од нашите германски села, да работиш на поле, оти жив маж немаме, сите се во војска.

Пристигнал дедо Митре во селото, млад и строен, во куќата на уште помлада и постројна Германка. Со трактор. Радост го отепала Митрета. Ралото – прошлост. Го научила да тера трактор. Орал, жнеел…Среќен до бескрај. Нормално се десила љубав невиЏена со плавката Германка. Арно ама, дошла ’45 година, завршила војната и Митре решил да се врати дома. Германката плачела и го молела:

– Глеј колку ни е убаво, остани тука, шо мантрак бараш да се враќаш?!

– ‎Морам. Ветени сме си со Доца.
………………
Поминале годиништа, дедо Митре 94-годишен седнал со внукот и решил душа да распостеле на тацна.

– Синко имам нешто да ти кажам. Многу ја згрешив. Доца моја беше една грда, една лоша, ич не ја сакав. Десет ги родивме 5 со 5.

Како за грда и лоша многу јак сексуален живот остварувале. Десет комада није мала ствар. Ем грда ем лоша, ама со редовни овулации. Секое летенце- детенце.

– Многу ја згрешив синко, требаше со Германката да си останам. Многу беше убава.

Љубафффф у животу се дешава еднаш и не се пропушта. Јасно?!

Посетено 1.283 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!