Претставен E Најтенкиот MacBook

Apple со нешто ново

macbook-pocetna_majkatiitatkoti

 Новиот MacBook во три бои, вклучувајќи ја и
луксузната златна

Apple го претстави новиот супер-тенок MacBook, што е дури 24% потенок од MacBook Air, а неговата цена ќе биде околу 1300 американски долари. Куќиштето е метално, уредот тежи само еден килограм, а неговата дебелина е неверојатни 13,1 милиметри. Произведен е во три основни бои: сребрена, сива и златна. Новиот MacBook е комплетно редизајниран и доаѓа со нова матична плоча, тастатура и touchpad. Новина е Butterfly  прекинувач кој му овозможува на корисникот попрецизно типкање.MacBook-AllColors_majkatiitatkotiСпоред зборовите на Фил Шилер, новиот MacBook има батерија која трае 35% повеќе отколку нивните претходници. Корисниците ги очекува 12-инчен Retina екран со резолуција 2304 x 1440 пиксели. Вграден е процесор dual-core Intel Core M 1.2 GHz од 8 GB RAM меморија и 256 GB меморија, новиот MacBook има само еден универзален USB С влез. ulaz. Иновативниот дизајн овозможи напредната технологии на Apple, на која сме веќе навикнати,  а новиот MacBook не содржи вентилатор, што го прави потенок, помирен и полесен.

apple1 apple2 apple3Screen-Shot-apple

(Посетено 440 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*