Постојат два вида на луѓе: оние кои создаваат и оние кои се создадени

dve vrsti na luge

Луѓете можат да се класифицираат во повеќе групи, но ако ме прашувате мене, луѓето можеме да ги поделиме генерално во две групи- едните се оние кои активно создаваат и другите се оние кои создаваат пасивно. Секоја индивидуа го троши својот животен век создавајќи нешто, без разлика дали се тоа нешта, идеи или концепти, енергија, други луѓе или уништувања. Поради тоа што сме човечки суштества, ние, по правило го трошиме нашето време за да создаваме.
Разликата е во начинот на кој создаваме и во тоа која е нашата цел. Можеби не е толку лесно да направиме разлика помеѓу оние кои активно создаваат и оние кои пасивно создаваат како помеѓу доброто и злото, но сепак ни помага да ги разликуваме оние кои го живеат животот соодветно од оние кои само си го трошат малкуто скапоцено време кое го имаат.
1. Луѓето кои создаваат активно се целосно свесни за тоа што го создаваат
Можеби си помисливте-Кој не е свесен за тоа што го создава? А одговорот е-Скоро сите. Голем број на луѓе не се замараат да обратат внимание за она што го создаваат или она што го оставаат после нив.
Да почнеме од наједноставните нешта- како компанијата ќе влијае на нивните животи па се до посложени нешта- како отпадот кој тие го создаваат може во иднина да предизвика проблеми за одржливиот живот на планетата Земја.
Не можат сите луѓе да сфатат како навистина влијаат нивните дејствувања на глобално ниво, но на лично ниво- секој може да сфати. Вистината е дека повеќето од луѓето не се активни креатори- тие само ретко се обидуваат да ја искористат својата логика за да пресметаат колкава е веројатноста нивните дејства да предизвикаат специфични резултати во иднина.
2. Луѓето кои создаваат пасивно никогаш не обраќаат доволно внимание кон тоа што го создаваат
Не дека овие личности не сфаќаат дека создаваат нешта дури и во случај на застој, токму напротив. Овие луѓе имаат потешкотии да се фокусираат на нивните дејства (сегашни и идни).
Тие не сакаат да размислуваат зошто го прават она што го прават или со што можат да резултираат тие нивни дејства. Тие најчесто сакаат да се релаксираат или да уживаат во самите себе- што е случај со многумина. Најчесто од сите опции, тие избираат удобност.
3. Луѓе кои активно создаваат план за во иднина
За да создавате активно треба да сте свесно присутни во моментот во текот на извршувањето, но исто така и да ја предвидувате иднината однапред. Морате да ги предвидите идните настани, како што се проблемите или аномалиите, а воедно и да го планирате начинот на кој сакате да го спроведете вашиот план. Тоа значи дека треба да излезете со план а не само да ги прифаќате нештата како што тие течат.
Се разбира дека можете и да одбиете да направите план и сеуште да се обидувате да сте личност која активно создава, но без план повеќе од веројатно е дека нема да сте доволно подготвени за акција кога ќе се појават можности. Спротивно од популатното верување, можностите можат да се испланираат.
4. Луѓето кои создаваат пасивно не се грижат да размислуваат премногу далеку во иднината
Тие вообичаено тврдат дека преферираат да живеат за моментот, но најчесто се се сведува на чиста мрзеливост. Можете да ја испланирате својата иднина, но не го правите тоа бидејќи имате друга работа. Она што не го земате во предвид е дека со правењето на планови сега, поверојатно е дека ќе имате подобра иднина
5. Луѓето кои создаваат активно со водачи
Водачите не се раѓаат, тие се создаваат. Тие се обликуваат во индивидуалци кои заслужуваат да бидат почитувани и следени. Најдобрите водачи во светот се ценети по нивната способност да создаваат неверојатни нешта.
Поради тоа што невозможното го претвораат во возможно, поради тоа што создаваат иновации и придонесуваат за подобра иднина. Водачите создаваат визија којашто луѓето сакаат да ја следат. Тогаш, најдобрите водачи се трудат да ја претворат таа визија во реалност.
6. Луѓето кои создаваат пасивно се само следбеници
Не сфаќајте ме погрешно, нема ништо лошо во тоа да си следбеник. Секој човек во светот е следбеник во една или друга смисла. Дури и водачите се следбеници во дадена смисла, но сепак постојат следбеници кои се ништо повеќе од тоа. Тоа се оние кои јас ги етикетирам како пасивни творци.
Тие не следат бидејќи особено уживаат во тоа, туку зошто тоа е најчесниот начин да си го живеат животот- ваквиот вид на луѓе кои очигледно ја изгубиле желбата да го живеат животот во целост, претпочитаат да стојат од страна
7. Луѓето кои создаваат активно, создаваат подобра иднина
Секако, не сите луѓе кои создаваат активно, создаваат и подобра иднина. Многу од нив го прават светот полошо место. Тоа што сте личност која активно создава не ве прави воедно и добра личност, она што добивате е сила на која можете да сметате.
За жал, ова значи дека и оние не толку добрите ќе се потрудат да ја создадат иднината во своја верзија. Ако сте жртва на таква личност, тогаш направете го единственото што можете- фокусирајте се на тоа да активно создадете подобра иднина по ваше.
8. Луѓето кои создаваат активно се паметат засекогаш, а луѓето  кои создаваат пасивно се веќе заборавени
Луѓето не создаваат често неверојатни нешта по случајност, а само неверојатните нешта можат да го издржат тестот на времето. Сите ќе умреме еден ден, но она што ќе остане во овој физички свет е нашата идеја, сеќавањето на нас, нашиот мем.
Со други зборови, ќе постоиме само во умовите на оние кои сеуште се сеќаваат на нас, оние во чиишто животи сме имале некакво влијание. Единствено луѓето кои активно создаваат се паметат засекогаш, бидејќи луѓето кои создаваат пасивно никогаш не создаваат нешта на кои вреди да се сеќаваме.
Посетено 768 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!