Постои научно докажана причина зошто мажите се привлечени од големите женски задници

Отсекогаш биле привлечни жените со големи задници, но едно истражување докажало дека не е токму тој заден дел најпривлечен за мажите.

gazovi_majkatiitatkoti

Истражувачите во областа на психологијата од Универзитет во Турција, на 300 мажи им претставиле слики од силуети на женски фигури со различни облини.

Потоа побарале од мажите да одберат кои од нив сметаат дека се најпривлечни а кои се најмалку привлечни.

Поголемиот дел од нив биле повеќе наклонети кон оние кои имале закосеност на ‘рбетот од 45 степени, бидејќи тоа прави задникот на жената да изгледа значително поголем.

Исто така, истражувачите им покажале на мажите три слики од жени чиишто задници биле иста големина, но поради различна причина како што се: лакот на ‘рбетот, вишокот на масти и вишокот на мускули.

Жената која имала закосеност на ‘рбетот била прогласена за најпривлечна.

Ова довело до тоа истражувачите да заклучат дека токму аголот на рбетот, а не големината на задникот е оној кој има најголемо влијание и ги привлекува мажите.

Dr. David Lewis вели:

Мажите кои сметаат дека сакаат големи задници, сепак тоа повеќе се однесува на лакот на ‘рбетот. Мажите своето внимание го насочуваат кон задникот, но всушност станува збор за степенот на лакот на ‘рбетот, а тие дури не се ниту свесни дека се работи за тоа.

Низ вековите мажите сметале одреден специфичен степен на искривеност за привлечен, а тоа се должело на ефектот кој го имал врз жената, односно способноста на жената да пронајде храна и да раѓа деца.

Dr. Lewis вели дека поставеноста на ‘рбетот од 45 степени им дозволува на жените да бараат храна и во подоцнежната бременост и да имаат повеќе деца без да го повредат грбот.

Жените кои го немаат овој наклон на рбетот едвај можат да се движат во периодот на бременоста, на тој начин се зголемува притисокот на колковите дури за 800%.

Па така, од нешто што претставувало еволутивен бенефит за жените сега се всадува и во умовите на мажите.

Според ова, се чини дека основната причина поради која мажите секогаш се во потрага по жена со голем задник е потсвесно поврзана со забременувањето и зголемената активност за време на бременоста.

Со други зборови, машкиот ум е програмиран да верува дека жената со голем задник и заоблен рбет е идеален партнер.

Оваа студија најпрво беше објавена во списанието Еволуција на човековото однесување.

Посетено 24.415 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!