Послушајте матуранти!!!

Послушајте матуранти!!!

Послушајте сега пијани матуранти

послушајте сите поштени и преваранти

Послушајте сега дотерани матуранти

послушајте идни домакини и азиланти

Послушајте сега напафкани матуранти

послушајте сите за и анти

Некои од вас ќе прдат у фотељи

други ќе копат по канти

За душата не постојат анти-преспиранти

оооо, нашминкани матуранти

Некои ќе станат гиганти, други на анти-депресанти

тоа се тие варијанти

драги лепотани матуранти

Не е битно дали сте нововерци, индијанци или протестанти

или ќе тражете или ќе бидете жиранти

вие ненаспиени матуранти.

Битно шибајте овие месец/два

направете спомени вредни како дијаманти

само не претерувајте да ве перат по амбуланти

ооо, напатени матуранти.

Посетено 9.580 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!