Почитуваната печена пиперка

pecenata piperka-sonja_majkatiitatkoti

Малку простор за почитуваната печена пиперка..сум шетала секаде по веков, сум видела секакви култури, богати-пребогати, сиромашни и скриени сиромашни..сум јадела кавијар, првокласен бифтек, сум сркала гравче, риба од конзерва, но, едно нешто секогаш сум приметувала и кај едните и кај другите, темата за почитуваната печена пиперка никој не ја спомнува, дури и ја избегнува, како поим за нешто селско, поселско здравје..да, да, вистина..НО, кога ќе ја поставиш на трпеза, богата или сиромашна, да видиш сите како ја пијат со очи, се грабаат кој повеќе да изеде, да ја голтне, да ја измацка и да каже мммммм..е па, мили мои мммм-каши, повелете, бујрум на печени пиперки!..уживајте!..ниту скапиот парфем, ниту аргатската пот нема да ви го расипе меракот..

Посетено 4.869 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!