Пиреј

[fblike]pirej voz
Се испотепале денес повеќе од 500-тини луѓе за да се возат бесплатно со воз на релација Скопје – Демир Капија, до тој степен што морале да интервенираат полицијата и специјалната единица за брзо распоредување.
Кога ги видов луѓено стуткани внатре, со образите залепени на прозорците, мислам коските ме заболеа. Каква иронија! Како е можно во најмоќната економија на светот луѓе да се радуваат до тој степен на бесплатни карти? Како е можно во најмоќната економија на светот луѓе да газат луѓе и да се трупаат едни врз други без да почуствуваа понижување и срам? И на крајот, како е можно толку многу луѓе никогаш да не виделе воз? 
Не, не се работи само за менталитетот и за „гага-синдромот“ овде, можеби и најмалку се работи за него. Се работи за сиромаштија, материјална и духовна, и за субкултура која се изградила хранејќи се со неа, субкултура која е толку вкоренета во нашето секојдневие и образец на однесување, што кога уште утре навистина би станале најмоќната економија на светот, таа би продолжила да опстојува, не би исчезнала… зошто станала дел од нас, пуштила корени длабоко во нас. Ти ја корнеш таа расте, како пиреј…
Посетено 1.212 пати