Pink Floyd инспирација

Искра надеж.
Проектирана.
Замислена.
Посакана.
Да се оствари.
Да постои.
Да опстои.
Зрак прекршена светлина.
Зрак ново создавање.
Зрак како зрак.
Призма.
Повторно враќање во живот.
Песна од Пинк Флојд.
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=GPvtUjTbV_A[/youtube]

Три – аголно време.
Три – човечко бреме.
Три,
зашто две е сосема доволно
за љубов,
а еден премалку
за да не биде осамен светот.
Време со време,
за зрак ново создавање.
Зрак како зрак,
призма.
Во зависност од кој агол ја гледаш,
а гледаш ли?
Знаеш ли?
Часовникот отчукува
повторно враќање во живот!

 Сања  Бежовска

Посетено 368 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!