„Палачинки“ од зеленчук

Palachinki-od-zelenchuk-710x476
Веројатно никогаш порано не сте подготвиле поздрави палачинки од овие во кои има само малку брашно.
Состојки:
Компири – 3
Моркови – 3
Црвен кромид – 1
Зелени тиквички – 3
Рузмарин – 2 лажици
Сушена мајчина душица – 1 лажичка
Јајца – 2
Сол и бибер – По вкус
Сончогледово масло – По вкус
Бело брашно – 1 шолја
Инструкции:
Чекор 1:
Изрендајте го зеленчукот, измешајте го и истиснете што можете повеќе течност. Додајте ги зачините. На смесата од зеленчук додајте брашно и јајца. Измешајте со миксер или пак со раце и зачинете по желба.
Чекор 2:
Обликувајте во форма на топчиња и стиснете со цел да добиете облик на помали палачинки. Пропржете со минимално додавање на масло. Послужете по вкус, со кисела павлака.
(Посетено 269 пати, 1 денес)
pixel.mk
Автор
www.pixel.mk

Оставете одговор

*