Ова се приказните на Пауло Коелјо кои никогаш нема да ги заборавите

Феноменалниот писател кој се наоѓа на листата на 15 најдобри писатели во светот, Пауло Коелјо и тоа како го заслужува неговото место на таа листа.
Во колекцијата на неговите книги, почесно место има и Скитникот Мактуб.
Неверојатна книга составена од приказни на само 60 страници кои никогаш нема да ги заборавите, а ова се само 3 од нив кои вреди да ги прочитате.
3000849_980x414
Изненади се самиот себеси!
Не обидувај се секогаш да бидеш разумен и доследен. На крајот на краишата и Павле убаво рекол – Мудроста на овој свет е глупост пред Бога.
Да бидеш секогаш разумен значи секогаш да носиш вратоврска што одговара со чорапите. Значи, утре да го браниш ставот од вчера. А земјата – зарем не се врти?
Слободно биди недоследен, менувај го мислењето, твое право е, не треба за тоа да се срамиш, се додека со тоа не штетиш никому.
Што би можеле да помислат другите, не е важно. И така и така си мислат што сакаат. Остани спокоен.
Дозволи Универзумот да кружи околу тебе, уживај во тоа да се изненадиш од самиот себеси. Кој се вообразува дека е мудар, тој е будала, рекол Павле.
Да плачеш како дете
Учителот рече – Кога мораш да плачеш, плачи како дете. И ти некогаш си бил дете и плачењето е едно од првите нешта што си ги научил во животот. Тоа е дел од твојот живот.
Никогаш не заборавај дека си слободен и дека не е срамота да се покажуваат чувствата. Викај, плачи гласно ако така ти доаѓа – затоа што децата така плачат, а тие знаат како брзо да си го смират срцето.
Дали некогаш си забележал како престануваат децата да плачат? Нешто друго ќе ги заинтересира, нешто друго ќе им го сврти вниманието кон нова авантура.
Децата бргу престануваат да плачат. Исто ќе биде и со тебе – ама само ако плачеш како дете.
Ева и љубомората
Ева се шеташе низ рајската градина кога и пријде змијата. Касни од јаболково – рече таа.
Ева одби, како што Господ и имаше наредено. Касни од јаболкобо, беше упорна змијата. Затоа што мораш да бидеш поубава за твојот маж.
Немам потреба, рече Ева. Тој нема никого друг освен мене. Змијата се насмеа. Како не!
И бидејќи Ева не и поверува, ја одведе на една височинка до еден кладенец. Таа е таму во дупката. Адам таму ја крие.
Ева се наведна над кладенецот и во водата ди го виде одразот, лик на убава жена. На тоа, без да се двоуми, касна од јаболкото што и го нудеше змијата.
Иако кратки, приказните содржат скриена поучна порака.
Која ви се допадна најповеќе?
Израдувајте некого или израдувајте се себеси со подарок кој ќе го отворате секој пат во рацете!
Посетено 7.552 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!