Ова не е љубовен текст

Ова е антиљубовен текст

ova-ne-e-ljuboven-tekst-1

 

Не ова не е уште еден љубовен текст, ова е антиљубовен текст.

Најантиљубовниот што некогаш бил напишан во историјата на љубовта, ако сепак постои.

Зарем постои? Зарем веруваш во неа?

Се уште…

Зошто тогаш исчезнува?

Штом исчезнува значи се појавува, но зошто избледнува? Зошто?

Халуцинација, хемиска реакција, сексуална привлечност, искра, корист, надеж, било што само љубов не…

Халуцинација бидејќи настанува како зависност од дрога која не тера да халуцинираме, а откако дејството завршува е тогаш започнува вистинската траги комична претстава во која ние сме главни ликови.

Велам хемиска реакција, бидејќи сето тоа е мешавина од хормонско дејство во мозокот кое удира во главата и си мислиме дека чувствуваме љубов, не е љубов тоа е само хемиска реакција ќе речам повторно, која на крај експлодира доколку ставиме некој погрешен елемент.

Сексуална привлечност, повторно хормони, не чудете се да, сите сакаме секс, одличен е за здравјето, фигурата, покачување на адреналинот, јас сакам секс, ти сакаш секс, сите сакаме секс, што е тука страшно?

Искра, корист, надеж… не мора повеќе да објаснувам, било што само љубов не!

Зарем постои еден единствен збор кој би го објаснал поимот љубов?

Не, бидејќи не можеш да објаснеш нешто што не постои! Знаете ние луѓето колку што сме силни, толку сме и кревки, умираме за да бидеме сакани, потајно веруваме во таа љубов која може да не спаси и ослободи, но зарем не веруваме и во Бог, а сепак се чувствуваме бедни и заробени во неговиот циклус наречен живот?

Јас не верувам повеќе во љубов, знам дека звучи клише, но не е кажано во таква конотација, инспирирана од скршено срце, туку инспирирана од сопственото его, храброст и слободно размислување…

Тоа значи дека сум способна сама да чекорам во животот, но доколку некој би посакал да чекори со мене, гледајќи надеж во нас, корист еден од друг и сексуална привлечност тогаш би прифатила да го наречам тоа љубов и да го возвратам…

 

Посетено 5.464 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!