Огледалце, огледалце ај кажи ми кој е најсмотан на свет?

[fblike]
Среда, 3 и пол сабајле а јас сум дома со цел памет???
Ама тоа е , имав мизерен ден, мизерен на квадрат
Влегов во купатило малце да се расположам
и го прашувам огледалото
„огледалце ај кажи ми кој е најубав на свет?“
„хмм, не го знам одговорот на ова прашање,
ај нешто полесно“ – ми одговара
Го гледам збунето, не ми се верува ама ај друго прашање
„огледалце, огледалце ај кажи ми кој е најпаметен на свет?’
„ни на ова немам одговор“ – пак мртов ладен одговара
„добро, ај кажи ми на кој прашања ги знаеш одговорите?“
„па прашај ме кој е најглуп, најсмотан“
„добро и кој е најглуп и најсмотан на свет?“`
„па ти си “
„јас ???.. нешто ме дупиш?“
„не , стварно си таков, извини ама тоа е“
Аха значи, го свиткав на пола, па пак на пола
го посипав со ѓумбир, коријандер и соја сос
и го изедов
Мрзам сељачки оглеадала што се скроз искрени,
утре ќе си купам ретровизорр од камион,
они се таман, лажат на велико
Посетено 963 пати