Од 12-ти до 18-ти април Саем на книгата во Скопје: Повеќе од 70 издавачи на едно место за најзначајната културна манифестација

Книгите се најтивки и најконстантни пријатели, a притоа се најдостапни и најмудри советници, но и најтрпеливи учители. Токму од 12-ти до 18-ти април книгите ќе бидат во фокусот на 28-от по ред Меѓународен саем на книгата кој ќе ги обедини сите изложувачи на едно место, со што овој саем важи за една од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се очекува годинава да биде поголем од 40.000. saem na kniga-naslovna_majkatiitatkoti
„Во периодот од 12.-18.04. во Метрополис Aрена на изложбена површина од 3.000м2, повеќе од 70 издавачи ќе се претстават на 28-от по ред Саем на книгата. Саемот ќе обезбеди најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Традиционално, како и минатите години и оваа година на Саемот на книгата, како една од најзначајните културни манифестации во земјата, на едно место ќе се претстават најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот. Читателите секојдневно ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи во Промотивниот центар на Галеријата во Метрополис Арена. Исто така, издавачите на своите штандови секојдневно ќе организираат промоции и дружења со автори. Во рамките на Саемот на книгата 2016, Скопски саем организира дополнителен настан, предавање на тема: „Како да се биде среќен во љубовта?“. Предавач е Бруно Шимлеша, социолог, писател и мотивациски говорник од Р. Хрватска, кој е добро познат на пошироката јавност во регионот и пошироко. Бруно Шимлеша е меѓу 10-те најчитани хрватски автори на книги од областа на популарната психологија или самопомош. Настанот ќе се одржи на 14 април (четврток) од 18.30-20.30 часот во Бизнис салата на Скопски саем, изјави Сања Кондарко, оперативен директор на проект во Скопски саем.
saem na kniga BANERТрадиционално, Меѓународниот саем на книгата 2016 е поддржан од  Министерството за култура на Република Македонија во својство на ПОКРОВИТЕЛ на манифестацијата. Скопски саем го организира саемот во соработка со Здружението на издавачите и книжарите на Македонија — ЗИКМ, Македонската асоцијација на издавачи и Здружението на албанските издавачи од Македонија.
Kако и минатите години и оваа година на Саемот на книгата, како една од најзначајните културни манифестации во земјата, на едно место ќе се претстават најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот:  Србија, Албанија, како и Шведска (Амбасадата на Шведска – промоција на детска литература како и презентација на „ Шведската литература за деца денес – трендови и примери со осврт кон АЛМА „Астрид Линдгрен Меморијална награда“ со гостување на Лена Карланд (Lena Kårland), професор на Универзитетот во Упсала, Шведска, претставник на АЛМА Фондацијата).
Свеченото отворање на саемот е во понеделник (11 април) во 19.00 часот во Метрополис Арена. Работното време на Саемот на книгата е од 10:00-20:00 часот. Цената на влезниците за Саемот на книгата за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети – 20 денари.
skopski saem logo
За време на Саемот на книгата, од 14-ти до 16-ти април сите граѓани ќе имаат одлична можност да посетат уште две други популарни саемски манифестации,
Меѓународниот саем за туризам „Скопје Травел Маркет“ и „Денови на образование и кариера“.
turizam i obrazovanie-pocetna_majkatiitatkoti
6. Меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет 2016“
ќе се одржи во втората хала на Скопски саем. Со оглед дека тој се одржува во исто време со Меѓународниот саем на книгата и со Деновите на образование и кариера, според проценките на организаторите, се очекуваат околу 30.000 посетители. Цената на влезниците е 30 денари за посета на трите саемски манифестации.
„Туристички агенции, хотели и туроператори од Македонија и регионот, општини, организации, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, компании за производство на хотелска опрема, но и за софтверска поддршка во туризмот, ќе се претстават на 6. Меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет 2016“, што ќе се одржи од 14 до 16 април во Скопје. На него ќе се претстават 60-на учесници, од земјава и од странство, односно освен од Македонија ќе има и од Србија, Косово, Турција, Грција, Белгија, Хрватска, Италија, Иран и Црна Гора. Наши партнери за овој саем се Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија (АППТМ) и Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ)“, изјави Магдалена Хамбова, оперативен директор на проект.
Во истиот период, од 14-ти до 16-ти април во третата Хала на Скопски саем ќе се одржат Деновите на образование и кариера.  
„Договорена е програма со дебати и презентации и содржини кои се актуелни во високото образование како и кариерните можности  на идните дипломци, односно што се сé случува со пазарот на трудот во РМ. Традиционално, на саемот ќе се претстават домашните државни универзитети „Гоце Делчев“, Штип, „Св. Климент Охридски“, Битола, „Св. Апостол Павле“, Охрид, а за прв пат учество зема и CMEPIUS – Агенцијата при Министерството за образование на Р. Словенија при што ги претставува своите активности заедно со 4 словенечки универзитети: Љубљанскиот универзитет, универзитетот од Марибор, универзитетот од Приморска, универзитетот во Нова Горица. Оваа година имаме претставници од универзитетите од Грција и Чешка, како и од Турција и Бугарија. Ќе бидат присутни повеќе програми и проекти од меѓународните организации кои работат на полето на образованието и бизнис секторот,“ додаде Сања Кондарко, оперативен директор на проект во Скопски саем.
Со почит,
СКОПСКИ САЕМ

Посетено 616 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!