Очите и говореа повеќе…

ocite i govorea poveke
Очите и говореа
повеќе од искуството
повеќе од погледот
а молчеше секогаш кога
сакаше да каже било што
освен вистината
зашто незнаеше да говори
низ зборовите
знаеше само да зборува
со очите кои толку вешто
ги криеше и прикриваше
кога солзи се утопуваа
во морето на нејзината душа…
Очите и говореа
повеќе од вистината
што ја криеше како мало дете
со кукла во рацете
и срамежливи насмевки
а беше жена,
со толку живост во своите вени
толку врелина во своите дланки
да го загрее сонцето до солзи…
Очите и говореа
повеќе од болката
која ја голташе со радост
само за да ги прикрие
своите маки и да го одбегне
подсмевот на луѓето
алчни и гладни за нејзиниот пад…
И беше вешта да ги скрие
сите емоции кои требаше
да останат само нејзина сопственост
но очите и говореа повеќе…

Сања БежовскаОгледало на една душа

Посетено 923 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!