Новиот Samsung Galaxy S8 со виртуелен асистент и одлични карактеристики

noviot-samsung-galaxy-s8[fblike]
За сите љубители на Samsung и паметни телефони, ви го претставуваме
новиот S8, кој според досегашните најави ќе излезе во
продажба во март или април оваа година 
Со малку поинаков дизајн и повисоки перформанси од неговите претходници, S8 дефинитивно ќе биде интересен и примамлив за корисниците. Најголема промена на дизајнот е тоа што нема да има „Home“ копче на предниот дел, а негова замена се виртуелните копчиња.
Читачот за отпечатоци на прсти нема да биде повеќе на предната страна, туку назад до камерата.
Со тенок изглед, висок и тесен екран (16:9) и мазен дизајн на задната страна која завршува со камера од 12 мегапиксели и f/1.7 бленда, а предната камера 8 мегапиксели и f/1.7 бленда.
Дисплејот на основниот модел на Samsung Galaxy S8 ќе биде со големина од 5,8 инчи на основниот модел, додека „Plus“ моделот ќе има дисплеј со големина од 6,2 инчи. Резолуцијата на  Super AMOLED екранот ќе биде 3000 x 1440, поради соодносот на страните.
pixelmk-noviot-samsung-galaxy-s8-so-virtuelen-asistent-i-odlichni-karakteristiki
Големината на батериите ќе биде 3.000 односно 3.500 mAh, што делува малку за толку големи смартфони, но Samsung најавува дека новите чипови изработени со големина на транзисторите од 10 nm ќе трошат помалку енергија.
Чиповите најверојатно ќе бидат Snapdragon 835 и Exynos 8895 со 4GB RAM меморија, но се очекуваат и помоќни модели со 8 GB RAM меморија. Првиот модел ќе има 64GB простор за податоци, што е одличено за почеток.
Galaxy S8 ќе има можност за користење како десктоп компјутер преку Samsung DeX. Исто така, овие смартфони ќе бидат првите со сопствен асистент наречен Bixby.
Цената на новите модели на Samsung најверојатно ќе бидe за 100 евра повисока од таа на актуелните.

baner-igor-forza

Посетено 349 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!