Луксузен Салон За Намештај На “Bottega Veneta”

peko-banner

Прекрасна комбинација на луксуз и уметност

Bottega-Veneta-boutique_pocetna

Новиот малопродажен простор  на куќата Ботега Венета
се наоѓа во луксузната историска зграда од 18 век во Милано
и стана третиот салон за намештај на Bottega Veneta

Волшебниот интериер на палатата Gallarati Scotti во Милано отсега ќе биде новиот дом на куќата за мебел Ботега Венета. Објектот датира од 18 век, а новиот салон ќе се простира 2.200 квадратни метри зад чие уредување стои креативниот директор Tomas Maier , кој се обидува да ги зачува и понатаму да ги нагласи архитектонските карактеристики на палатата која е украсена со релјефна структура по таваните и насликана со  фрески на ѕидови од авторите Carlo Innocenzo Carlone и Giovanni Battista Tiepolo. Уметничкиот интериер и елегантниот дизајн  на мебелот Ботега Венета формираат хармонична симбиоза на луксузното минатото и сегашноста.
Bottega-Veneta-boutique_01
Околу уредување на новиот изложбен салон во помош се повикани компании како што се познатите куќи од Мурано, фабриката за керамика  Koenigliche Porzellan-Manufaktur од Берлин и познатиот производител на гарнитури за седење Poltrona Frau. Во салонот ќе може да се купат керамика, мебел, декоративни перници, осветлување и голем број предмети за  декорација на домот што го краси елегантен минималистички дизајн во согласност со софистицираната естетика по која е позната куќата Ботега Венета.

Bottega-Veneta-boutique_02 Bottega-Veneta-boutique_03 Bottega-Veneta-boutique_04 Bottega-Veneta-boutique_05 Bottega-Veneta-boutique_06 Bottega-Veneta-boutique_07mondivi crn

(Посетено 482 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*