Никогаш стар за старки

Првите старки ги купив
во Трст, 1978-ма година,
беа црни и високи.
Вчера бев на матурска
во старки, бели и ниски.
Речиси 40 години дружба со
моите стапала, не е мала работа.
Си се замислувам на 80 години,
подгрбавен, бастуносан, во старки
во боја на хортензија, или на иловица.
Или старки во бојата на смртта
(ако таа кучка воопшто има боја) –
можеби во некоја од стоте
нијанси на бледо.

Посетено 851 пати