Невидливата црвена кола

nevidliva kola-naslovna_majkatiitatkoti

 
Си купив црвена кола со фабричка грешка,
нешто утнале со бојата па беше невидлива?!
Добро е што платив со фалсикфикувани евра – невидливи
Само што искочив од салонот и застанав на семафори
една кола целата залетана помина низ мене
Невидливиот air-bag не ми помогна и
излетав низ невидливата шофершајбна.
„дечко бе кај возиш, ќе ме убиеше за малце
а и колава партал ми ја направи“- го прекорувам
„која кола бе мочко?… а ти кај поминуваш пешачки на црвено?
„каков пешачки?..еве ми ја колата не ја гледаш?
„не“
„добро бе, невидлива е , не се гледа баш“
„аха.. а ти го гледаш боксов?..и ми плесна едне бокс директ во фаца
„не го видов ама го осетив“- одговарам додека се обидувам
да го склопам скршениот нос
Наеднаш некаков остар убод во гзот ме натера да се свртам
„ајде Зоки, да те вративе назад, доста ни бегаш“
-вика еден целиот облечен во бело и со бела маска преку лице
а во рака држи инекција збрцана во мене
„добро“ – поспано одговарам- „а колата?“
„ништо, утре друга ќе си купиш“
„може, утре ќе си купам уште поголема невидлива ама
црна-металик со вградено радио, ако?“
„како ќе кажеш, а сега ајде докторот те чека“
– го дослушав и со насмевка на лицето паднав во сон

Посетено 221 пати