Немојте да ме труете со здрав живот!

zdrav zivot[fblike]

Пушењето убива
а умираат и непушачите.
Алкохолот е штетен но
и непијачите се смртни.
Тревата не ја легализираат
оние на кои најмногу им треба.
Здрава храна, рецепти за долговечност…
ништо не есапам.
На што се должи твојата младоликост? –
ме прашуваат постојано.
На нездравиот живот – им кажувам отворено.
Јал-не јал, пушел-не пушел, пиел или не,
никој не ја измамил смртта.
Затоа, оставете ме да си ги цепам
моите отрови а вие трујте се со здравје!
Се гледаме за некое време, во Бутел!
Кој стигне последен, вика тура за сите!
Посетено 169 пати (1 денес)