Не ви треба дечко или девојка, ви треба партнер

sakate partner_majkatiitatkoti

Јас искрено не можам да разберам зошто некои луѓе излегуваат со толку многу партнери. Како прво е скапо, без разлика дали сте машко или женско, ви одзема премногу време, а 95% од времето е потрошено потполно залудно. Јас сфаќам дека не сакате да бидете осамени, но да бидеме искрени… сеуште сте осамени. Само што сега сте осамени во друштво.
Знам дека придружбата која ја имате, иако ви недостасува искреност, вам ви е потребна за да ја задржите смислата на здравото расудување. Сепак, порано или подоцна, чувството дека сте сосема сами неочекувано ќе ве надвладее.
Најтешкиот дел е што ваквиот вид на врски никогаш не успеваат и скоро секогаш завршуваат лошо. И така на крајот ќе морате да го доживеете целиот тој стрес, фрустрации и емоционална нерамнотежа благодарност на некоја личност која не ни вредела за да започнете нешто заедно.
Има еден интересен пресврт во општството во последниве децении- онолку колку што може да оди реалноста на меѓучовечките односи. Некогаш се излегувало на состаноци многу поретко, сега ние излегуваме многу често и тоа со речиси одвратна страст.
Мислам дека секој познава по еден или двајца кои не се биле сами во последната пола деценија, некој што не успеал да задржи врската да потрае подолго од 8 месеци.
Да, сега имаме многу повеќе можности од било кога, но кога станува збор за пронаоѓање на онаа вистинската личност, тогаш е исто како да бараме игла во сено. Гледате, јас ја разбирам вашата логика.
Имате толку многу потенцијални додворувачи што сакате да се осигурате дека ќе излезете со што е можно повеќе- со што би ги зголемиле шансите за пронаоѓање на идеалниот партнер (како да не).
Проблемот е што сте неверојатно невешти. Со колку повеќе луѓе излегувате, толку повеќе време трошите. И тоа не само вашето време туку и времето на вашето момче или девојка. Ако вашата цел да ги поминете сите можности што поскоро, тогаш всушност вие работите против себе.
Размислете за ова. Со колку повеќе луѓе излегувате, толку помала е веројатноста дека личноста со која излегувате ќе ја најде љубовта на нејзиниот живот. Бидејќи е очигледно дека тоа не сте вие, само го трошите времето и се помалку веројатно дека тој или таа ќе го најде идеалниот партнер.
Што пак значи дека голема е веројатноста дека овие луѓе ќе продолжат да излегуваат со погрешни луѓе со што и вашиот идеален партнер ќе стане недостапен за вас кога ќе имате можност да се запознаете ( ако воопшто имате можност).
Ако сите ние цело време имаме состаноци со различни луѓе, тогаш , во основа ние самите на себе си гарантираме дека ќе завршиме во лоша врска или пак сосема сами. Нашиот идеален партнер ќе излегува со погрешна личност, исто како и ние.
Вистина е дека иако можеби не можеме да знаеме која е вистинската личност за нас, со сигурност ќе препознаеме која е погрешната веднаш откако ќе го или ќе ја запознаеме. Прецртајте 80 % од листата на кандидати уште првиот час откако ќе ги запознаете.
Ако не можете да го сторите ова, тогаш не се познавате себеси доволно добро за да знаете што е она што сакате. Во секој случај, вие не сте подготвени да направите врската да започне да функционира. Најпрво треба да се познавате себе или ризикувате вистинската врска да заврши со неуспех.
Друг проблем кој е поврзан со честото излегување со различни партнери е дека никогаш нема да ја добиете шансата да сфатите колку е важно да најдете некој со кој ќе го делите животот. Начинот на којшто излегуваме не одржува задоволни.
Ни овозможува дружење какво што сакаме- не конкретно на начинот на кој би сакале.  Поради тоа што постојано излегуваме со нови, секој пат е некако возбудливо. Ја преврзуваме раната која треба да се зашие, така полесно ќе продолжиме со животот.
Единствено кога ќе поминете доволно време сами- навистина сами- ќе почнете да сфаќате што всушност пропуштате во животот- кој ви недостасува во животот.
Ако сами на себе не си овозможите да го почувствувате она што треба да го почувствувате, бидејќи секогаш имате некој во животот, тогаш дури и кога ќе пронајдете нешто добро- нема да можете да го видите.
Лесно е да се најде дечко или девојка, секој има по некој до себе, цело време. Наместо тоа, најдете си партнер, некој кој ќе сака да ви се придружи за заедно да го прифатите животот.
И повторно, тешко можете да знаете дека тоа е вистинскиот партнер кога прв пат ќе го запознаете. Но погрешниот ќе го препознате многу полесно отколку што сте подготвени да признаете.
Речиси како сите во светов да сакаат да се стават во ред или да имаат план Б, за во секој случај. Реалноста е дека пронаоѓањето на вистинскиот партнер е главно надвор од вашата контрола. Она што вие можете да го направите е да ги зголемите шансите за успех.
Држете се до потенцијалните кандидати за кои веројатноста е поголема дека ќе успеете да создадете плодна врска. Не трошете си го времето, ниту пак времето на вашиот партнер ако знаете дека двајцата нема да успеете заедно.
Девојките и дечковците се за деца и тинејџери, вие сте возрасни – вам ви треба партнер.
Ви треба некој кој ќе биде покрај вас без да морате да го барате тоа. Некој кој ќе внимава на вас, ќе има најдобри намери и секогаш ќе ве поддржува.
Потребен ви е партнер затоа што само партнерот ќе биде до вас тогаш кога ви е најпотребен, во моментите кога животот ве тестира колку болка и страдања можете да издржите пред да паднете на колена.
Животот има свој начин да не потчини. Понекогаш ударите се брзи и неочекувани. Друг пат се бавни и болни.
Имањето на партнер покрај себе во ваквите моменти, буквално прави разлика помеѓу животот и смртта, успехот и неуспехот, среќата и несреќата.
Најубавата работа поради која вреди да се има партнер со кој можете да делите се е што ви овозможува да преминете преку ограничувањата на животот.
Со тоа што имате партнер вие живеете два живот, не само вашиот живот. Сите подеми и падови, смеи и солзи, препреки и искачувања ги делите со вашиот љубовник/ љубовница.
Тоа е една убава целина ако се воспостави и се оддржува правилно. Не треба да страдате сами во сите болки и таги кои треба да ги поминете во животот.
Секако, ќе морате да ги делите и болките и тагите на вашиот партнер исто така, но кога веќе сте партнерство можете да си ја распределите и поделите тежината. Можеби не можете да носите 100кг до врвот на планината сами, но ако двајцата си го поделите товарот тогаш патувањето можете да го повторите повеќепати и тоа со помалку напор.
Светот знае да биде сурово место. Животот знае да биде постојана тешка борба. Имајте на ум дека не морате да се обидувате и да преживувате се сами.
Се разбира, можете да го направите сето тоа и сами… но запомтете дека целта на животот е да се зголеми среќата и да се намали страдањето. Пронаоѓањето на животен сопатник е најефикасниот и најпријатен начин да го сторите тоа.
(Посетено 5.004 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Оставете одговор

*