Не ме сакаш повеќе? Кажи ми нешто ново…

Зошто не треба да му се вратите назад во прегратки на личност која еднаш ќе ви каже дека не ве сака повеќе?
ne-me-sakas-poveke-kazi-mi-nesto-novo-1

 

Јас ќе ви кажам зошто, секогаш постојат исклучоци, не велам не, оние кои ќе го кажат тоа во фрустрација, расправија или избрзаност, но верувајте таквите “Не те сакам повеќе” ќе ги препознаете.
Што да правиме со оние вистинските, тоа е вистинското прашање?
На почеток се тешиме дека не сме чуле добро, но кога зборовите ќе допрат до срцето, ете тогаш ушите ги слушаат одлично.
Тогаш не само што ги слушаме, туку стануваат наша секојдневна песна која не следи во секој чекор, што и да правиме, каде и да отидеме, без разлика дали ќе се вратиме назад или не.
Сето тоа трае се додека не сфатиме дека доколку нечија љубов исчезнала, значи никогаш вистински не постоела, запомнете, тоа било само илузија.
Доколку не разбирате за што точно станува збор, сега ќе ви појаснам на едноставен начин.
Не те сакам повеќе (во главата на твојот партнер ова се вртело одреден период пред да ти го каже, што значи тој одлучил да те избрише од својот живот претходно, но чекал да собере храброст и да го направи тоа кога најмалку очекуваш.
Тоа ти сигурно ќе го забележиш по неговите реакции, однесување, зборови, едноставно ќе биде поладен и порезервиран кон тебе, а ти ќе се чудиш зошто, можеби веднаш ќе сфатиш, но ќе чекаш да ти биде кажано во лице, надевајќи се дека грешиш.
После одреден период ќе слушнеш дека не си згрешил, тој некој едноставно не те сака повеќе, а штом не те сака повеќе, не те сакал никогаш.
Запомни, кога размислуваш дали некого се уште го сакаш, тоа е моментот кога престануваш да го сакаш. Затоа нема повеќе назад доколку почувствуваш дека Не те сакам повеќе е кажано од срце).
Во тие моменти само кажи дека си знаел претходно и обрати се со зборовите – “Не ме сакаш повеќе? Кажи ми нешто ново…”
Замини и остави го нека размислува што си сакал да кажеш, но внимавај доколку некогаш се покае и те побара назад повторно ќе мораш да пројдеш низ истото.
Тогаш навистина нема да биде ништо ново, затоа не враќај се назад, не лижи онаму каде што друг плукнал бидејќи тој повторно ќе плукне на истото место, а ти повторно ќе лижеш.
Посетено 888 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!