Не е до нас! (ова не е иронично напишано)

Фејсбук статус: Гораст Цветковски

welcome to skopje
[fblike]

Имав шанса да работам на Суперкуп, директно од внатре, не само како гледач. Вчера, како да не бев во Македонија. Наместено, залепено, нацртано, наредено. Детали кои никогаш не би ги приметил. Чисти улици (бар во догледен радиус), празни контејнери, исчистени фасади. Покриени дупки, искастрени лозници. Културни редари. Полицајци што ти се обраќаат на повеќе јазици. Администрација од многу националности. Позитивно наелектризирани кафанчиња, кафичи и подигната атмосфера…
…и… ми се потврдува тоа дека на овие 25К км2 не живеат морони и идиоти… Знам дека многу пари се во игра но тоа не е поентата, 95% од лугето кои работеа беа од Македонија.
Енивеј, цела вечер ме тишти прашањето како и кога успеавме така добро да си го конзервираме и стерилизираме ентузијазмот? Испаѓа дека ние ќе си работиме паушално по дома, нели, колку да помине, а оној вистински потенцијал ќе си го чуваме, знаете, за коа стварно ќе притреба.
Не е до нас! (ова не е иронично напишано)

595x90

Посетено 5.640 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!