Научниците откриваат: Десет причини зошто читањето на книги е добро за вашето здравје

Читањето е корисно! Ова не е реклама за нова библиотека, ниту пак е уште еден доказ за тоа дека книгата е добар пријател во слободното време, но и вредна алатка за помош од која учиме. Читањето, тврдат научниците, е корисно за нашето ментално, но и физичко здравје
1
Во време кога најчесто консумираме кратки статуси на Facebook, Twitter или некој друг социјален медиум, кои бараат мало внимание, читањето на роман кој бара интензивна концентрација во текот на подолг временски период, може да биде лек, велат научниците од Универзитетот Харвард.Неврохирурзите изјавуваат дека читањето помага да се продолжи вниманието кај децата и возрасните, но и да ја подобри нивната способност да размислуваат појасно и побрзо.
„Приказните имаат почеток, средина и крај, а тоа е таа структура која го поттикнува нашиот мозок да мисли во низа, да ги поврзува причините, последиците и значењата“, истакнува неврохирургот Сузан Гренфилд и додава: „Важно е да се совлада оваа вештина како мало дете и поради тоа модерните родители не смеат да престанат да им читаат на своите деца. Читањето е важно за нивните деца, но и за самите нив. Што повеќе правиме некоја активност, толку во неа сме подобри. Читањето нас не збогатува и тоа не само што е добро за нашиот мозок, туку тоа е добро и за физичкото здравје бидејќи го забавува стареењето и болестите на мозокот.“
Токму од 12 до 18 април книгите ќе бидат во фокусот на 28-от по ред Меѓународен саем на книгата кој ќе ги обедини сите изложувачи на едно место, со што овој саем важи за една од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се очекува годинава да биде поголем од 40.000.
Саемот на кој ќе се претстават повеќе од 70 издавачи ќе обезбеди најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.
3 Во продолжение ви ги откриваме десетте причини зошто книгата е добра за нашето здравје:
1. Го намалува стресот
Студијата која во 2009-та беше спроведена на Универзитетот Оксфорд докажала дека читањето на книги е еден од најефективните начини за смирување. Барем половина час читање на ден овозможува оптимална релаксација.
„Книгите ви даваат можност да избегате од секојдневието, грижите и обврските и привремено да заборавите на сè што се случува околу вас. Навлегувајќи во нов свет, вие на одреден начин го одмарате мозокот и го испраќате телото во релаксирачка состојба која на неочекуван начин ве исполнува со смиреност. Доволно е само 6 минути да се задлабочите во добро напишана книга за да го намалите стресот за 68%“, открива студијата.
2. Читањето е одлична вежба за концентрација
Читајќи, вие мора да останете фокусирани на дејството за да не се изгубите во динамиката на книгата. Откривајќи го значењето кое се крие во низите од зборови, вие не му дозволувате на мозокот да се расејува и си ја подобрувате концентрацијата, стои во соопштението од Универзитетот Оксфорд.
3. Го поттикнува критичното размислување
Концентрираното читање активира дел од мозокот одговорен за критичко размислување. Тоа исто така помага да се изострат вештините потребни за квалитетно аргументирање, располагање со фактите и сл.
4 4. Книгите ја будат креативноста и ја зголемуваат љубопитноста
Со секое превртување на нова корица, вие навлегувате во нови и нови светови кои ги рушат границите што си ги поставува човековиот ум. Анализирањето на размислувања и ставови кои не се поклопуваат со вашите, ви ја распламтува фантазијата и ви ја зголемува креативноста. Книгите се и „порок“ кој создава добра зависност. Колку повеќе читате, толку пољубопитни станувате, велат научниците од Универзитетот Харвард.
5. Читањето ја подобрува меморијата
За да навлезете во сржта на книгата, неопходно е да помните многу информации кои ви се сервираат додека прелистувате од корица до корица – шареноликоста на ликовите, нивните имиња, нивното минато, амбициите и намерите… Со тоа ја подобрувате работата на мозокот, го зголемувате неговиот интелектуален капацитет и го изострувате памтењето, стои во извештајот од последната студија на Универзитетот Кембриџ
5a 6. Книгите го надополнуваат стекнатото знаење
И најлошите книги кријат низ страниците нешто ново за вас. Ѕиркајќи во нови култури и места низ светот, извлекувајќи поуки од туѓи грешки, консумирајќи ги мудростите на авторите и проникнувајќи во човековата психа, вие го надградувате знаењето кое никој не може да ви го одземе. Секоја книга го храни вашиот мозок со бројни информации кои ве прават помудри и поподготвени за авантурата наречена живот.
7. Читањето го намалува ризикот од Алцхајмер
Научните истражувања откриваат дека секојдневното читање од мали нозе го намалува ризикот за заболување од алцхајмерова болест во подоцнежните години.
8. Книгите го збогатуваат социјалниот живот и ќе ве оттргнат од осаменоста
Покрај тоа што книгите ја убиваат осаменост, како што се вели со добра книга никогаш не може да бидете сами сега знаеме дека читањето е добро и за нашето здравје. Искористете го слободното време и повежбајте го мозокот, запомнете и тој старее Кога ќе сретнете личност која го обожава вашиот омилен автор, веднаш чувствувате поврзаност и лесно ја пуштате во вашиот пријателски круг. Но, книгите не само што создаваат нови пријателства, туку тие се и неисцрпен извор на разговори со старите пријатели. Најдоброто е што прочитаните книги ви даваат солидна основа за подобро и подлабоко разбирање на меѓучовечките односи.
6 9. Постигнување на подобри резултати
Некои студенти очигледно не постигнуваат добри резултати и покрај своите способности. Сепак, истражувањата покажуваат дека постои врска помеѓу љубовта кон книгата и подобрите резултати на писмените испити. Со читањето се вежба мозокот и го стимулира да ја задржи остроумноста.
10. Читањето ја зголемува креативноста
Кога научниците од Универзитетот Станфорд во наставата вовеле едукативни стрипови , забележале дека сликата во комбинација со зборови ги стимулира студентите. Бенефитот кој произлегува од читањето на стрипови обично се занемарува, а стриповите всушност ја зголемуваат креативноста – квалитетот потребен за решавање на логичните апстрактни проблеми.

jk banner grcija

(Посетено 1.206 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*