Најубавиот лист

corap_majkatiitatkoti
Сите дрва во маало ги сакам ама ова
под кое ја паркирам колата ми е најомилено
Не, не е највисоко и не прави најголема сенка
ама е посебно, има еден лист на втората гранка
кој се разликува од другите,
уникатен лист кој ептен го обожавам
и со посебно внимание секој ден
го чистам со влажна крпа,
го тинтрам и му пеам
-зошто секој ден ме чистиш, што не ме фрлиш
во контејнер кај што ми е место? – еден ден
збунето ме праша листот
-само затоа што си посебен не значи
дека треба да си отфрлен од опшстеството
-како посебен, кое општество?
-па сите лисја се исти, зеленкасто жолти
само ти си бел со црвена и плава шара
-хаха па ти мислиш дека сум лист?
-Не те сфаќам?
-Ај помирисни ме
-Бљак, смрдиш на закоравена чорапа бр.41
-Па тоа сум
-а што бараш на дрвово?
-Оној лудион од 5-ти ме фрли низ прозор
-А така значи..е па сега ќе те фрлам
во контејнер
-Фала, кај сум научен да живеам на чист воздух,
мене запотена патика ми е природна средина,
ако нема тоа се знае, правец ѓубре
Додека внимателно со стапче ја вадам
од гранката ми приоѓа жената
на претседателот на куќен совет
а истовремено и швалерка на благајникот
(не е фер, женава 2 функции држи во влезов јас ниедна)
-што правиш комшија? – заинтересирано прашува
-еве го чистам дрвово, некои кретени
ѓубре фрлиле на него
-браво бе, камо сите комшии да беа ко тебе
( и поарно што не се, си мислам со паметот)

Посетено 533 пати