Најдобрите производи од IKEA според дизајнери

Кои производи од IKEA да ги одберете следниот пат?
Од првиот апартман до вашиот дом од соништата, постои еден бренд за декорирање кој ќе се најде и во двата: ИКЕА. Шведскиот гигант ја има доведено до перфекција уметноста на мода и функција со своите минималистички колекции кои се класични, но истовремено го следат и трендот.
Сакале или не, сите сме со лимитиран буџет кога станува збор за дизајнирање и избор на што да потрошиме, а на што да заштедиме.  Имајќи го тоа на ум, секогаш можеме да ги прилагодиме и осмислиме овие парчиња за да го смениме нивниот изглед.  Потрошете ги парите на убава постелнина и прекрасни декоративни парчиња за кујната, а таму каде што можете, IKEA нуди прекрасен дизајн и почетна точка за да додадете нешто лично на многу начини.  Јас многу сакам преработени ИКЕА парчиња (како што можеби и сте забележалеSmile  ) .
IKEA Malm рамка за кревет

1b

1a

1

 

 

 

 

 

Овој кревет има неверојатен дизајн.  Со чисти линии, минималистички и со достапна цена –  и да, секогаш можете да го обоите во боја по ваш избор.

IKEA Nyponros постелнина

Најдобрите производи од IKEA според дизајнери

Сино-белата постелнина Nyponros е супер класична и никогаш не излегува од мода.

IKEA Grönadal столица лулашка

Најдобрите производи од IKEA според дизајнери

Ова прекрасно парче изгледа неверојатно, украсено со перниче или со овча кожа и се вклопува во секој простор, било да е тоа спална или дневна соба. Оваа елегантна, класична столица-лулашка е убаво изработена и има уникатна форма и боја.
IKEA Stockholm килим

Најдобрите производи од IKEA според дизајнери

Големината, цената и квалитетот на овој производ се извонредни.  Поради едноставниот дезен и црно-белата палета, потполно е безвременски и може да се искомбинира со многу различни стилови.
IKEA Ranarp работна лампa

Најдобрите производи од IKEA според дизајнери

Месингот е насекаде во последно време, но јас најмногу  сакам кога се меша со други метали. Осветлувањето честопати се смета за украс во една соба, па во таа насока оваа лампа допринесува за добар баланс: има pizzazz, но не е премногу светкава и финишот е современ, но сепак елегантен. Оваа светилка ќе биде совршена за работна соба која се користи и како гостинска.  Идеална светлина на работа, но сепак доволно шик да ги импресионира гостите.
IKEA FRYKEN кошница со капак

Најдобрите производи од IKEA според дизајнери

Јас не сум организирана личност. Теоретски да, но попрво би ги минувала моите денови зборувајќи за дизајн и момчиња, отколку да средувам.  Овие кошници со капак се идеални за одлагање на оние предмети кои никако не можам да ги фрлам или организирам.
IKEA Bosjön кујнска чешмa

Најдобрите производи од IKEA според дизајнери

Ова прекрасно откритие има толку убава форма. Тоа, исто така е измислено во полза на вашиот буџет.  Нема потреба да се трошат големи износи, кога оваа верзија од ИКЕА изгледа толку стилски.
IKEA Pokal чаша 

Најдобрите производи од IKEA според дизајнери

Сите бараме совршени чаши, а овие се тие.  Идеални за џус наутро, вода преку ден и винце навечер (сте виделе ли некаде во Франција вино да пијат од бокал?!), одлично се вклопува во машината за садови (нема тврдоглави постолја) и е толку евтина што можете да купите повеќе од нив.  Секојдневна е, но не и здодевна.  Направена по примерот на познатите Француски Picardie bistro чаши, нејзиниот класичен стил одговара на секаков амбиент (дури и во спална,како вазничка на наткасната).
IKEA Bestâ шкаф за одлагање со вратички

Најдобрите производи од IKEA според дизајнери

IKEA има прекрасни делови за складирање и конзоли. Овие момци се одлично искористени  во линија од повеќе од еден и изгледаат како да се вградени. Тие имаат голем простор за складирање и ги има во различни бои за да одговараат на секој ентериер. Користете бели на голем бел ѕид, за да се вклопуваат во ентериерот.
Целата листа погледнете ја на INTERIOR.MK.

 

Посетено 686 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!