На лошо враќам со уште подобро

na losoto-pocetna_majkatiitatkoti
Можеби сум силна под маската на слабоста бидејќи ги знаам своите стравови и недостатоци.
Неминовно е дека во минатото беа изразени, јас бев кревка, покревка од ова што сум денес.
Мозокот ми беше во тотална конфузија, дозволував да бидам манипулирана и тотално им верував на луѓето, но ги лажев, не знаејќи дека и тие истото го прават со мене.
Откако ги открија лагите се обидуваа да ме уништат бидејќи најверојатно како мене и тие ми верувале, но не биле целосно искрени.
Некои од нив се однесуваа лошо спрема мене, се обидоа да ме сменат, ме навредуваа, но поради една причина, бидејќи сакаа да бидат како мене.
Дури и тие што ме сакаа или само кажуваа дека ме сакаат се обидуваа да ме променат, нели тие што те сакаат треба да те прифатат каков што си?
Не е битно, како и да е, само сакам да знаете сите вие што ме мразите и некогаш ви паѓа на ум да ме повредите…
Јас сум опасна личност, по живот, дружење со мене е како да ставаш рака во оган.
Можам да те изгорам бидејќи сум била изгорена. Можам да те повредам бидејќи сум била повредена, можам да те убијам бидејќи немам што да изгубам.
Постојано има борба на умот и срцето во мојот живот.
Умот ми вели дека да бидеш лош денес е најдобро, но срцето ми кажува дека добрината е незаменлива и ретка, ми кажува дека ми прилега, па затоа на крај секогаш победува, бидејќи ми дава комплимент, паметно, нели?
Добра сум кон добрите, на добро враќам со добро, но на лошо научив да враќам со подобро, бидејќи не секој заслужува марифети, попуштање и почести.
Истото правете го и вие, не дозволувајте да бидете изиграни, на лошите враќајте им со подобро, бидејќи добрите ќе завршат лошо во животот, но лошите уште подобро!
Посетено 2.384 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!