На Игор Џамбазов му падна паричката

Една од најпопуларните мавровски гостилници “Кристијан” во која воедно ја дочекавме новата 2016. година , сопствениците, поточно семејството Спасески не покани да им бидеме гости на овој свет ден, ден спроти Христовото раѓање, за заеднички да го скршиме лепчето, да си пожелиме се најубаво, а и нормално, да видиме кому ќе му се насмевне среќата, односно во чија сопственост ќе заврши паричката.

badnikova vecer kaj nika_majkatiitatkoti

И замислете чудо. Паричката падна баш кај Игор, и тоа за прв пат во неговиот живот како што ни кажа тој…еве ја неговата изјава:

“Јас дојдов во Маврово за да ми падне високиот крвен притисок, да ми падне шеќерот, триглицеридите, да ми паднат мастите…а мене ми падна паричката, и се чудам што сега со неа?
Ова е некој добар знак. Ова изгледа дека значи успешни: “Џамбо фестивал”, промоција на новата книга “Умрен човек” и реализација на дуо драмата со Весна Бејби Петрушевска.
На сите што го читаат ова им пожелувам среќа, љубов, по малку паричка…а најмногу здравје, здравје, здравје…”

parickata pocetna igor_majkatiitatkoti

Посетено 8.196 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!