Мувата што го рецитираше Мајаковски

[fblike]muvata_zokipanker_cover
Една мува ми се мота околу глава, ѕуи,
вришти, ми пљука во око, ми прави суканици,
ми го рецитира Мајаковски на српски
..I nebo,
što zaboravi u dimu da je plavo,
i oblake iscepane kao izbeglice,
ozariću svojom poslednjom ljubavlju,
što kao jektičavog
rumeni se lice………
„Добра ма што си толку оток?“ – конечно ми пука филм
„Ти текнува дека пред 3 саати
стави да се вари супа на балкон?“ – ме прашува
„Да … еј ја зборавив у пм!!!!“ ….се стрчав, водата испарила,
тенџерото се залепило за рингла, комшијата над мене
моча да го изгаси пожарот и слични работи
„фала комшија што го изгаси пожарот ама не мора
више да мочаш, утоп ме направи“
„а извини“ – рече и си влезе дома
„ете, фино те опоменував цело време ама ти
на игнор ме стави“ – мрчи мувата
„да, се заебав, него од кај го знаеш
Мајаковски и тоа на српски?“ – ја прашувам
„едно време живеев на факултетот во Ниш
па онака од досада го читав“
„што убаво, а од кај се створи кај мене?“
„кога возеше низ Србија ти влегов во кола и така, останав“
„ако де, него сакаш да ти местам некоја локална мува,
многу се згодни нашиве“
„може и онака сум слободен, жена ми ја сплескаа со папуча на ѕид
кога ја носев во Врњачка Бања, нешто со кичмата проблеми“
„сочувство за жена ти, идеме сега?“
„договорено“
Ја однесов во Сити Мол
„еве ти бирај“
„па не гледам муви?“
„а овие што се шетаат безвезе ко муви без глава?“
„ама јас мислев на вистински муви“
„хмм, од кај да знам вистински муви?, ги знам само човечкиве“
Тажно ме гледа, крилцата и’ виснаа, жал ми падна
„знаеш што?.. ја гледаш онаа со леопард-минич и зебра-чизмичките?“
„да“
„бутни и се под сукња, гарант некоја вистинска мува ќе најдеш
а ако не слободно врати се кај мене“
„еј да, добра идеја “ – се поздравивме, гушнавме
и еве 3 месеци ја нема, сигурно убаво се снашла
Него што ми беше поента?
Аха да , комуницирајте со домашните миленици
или домашните гњаватори, што и да ви се,
некогаш имаат нешто паметно да кажат
а за оние што шетаат „како муви без глава?
Е за нив има стручни лица да ни објаснат
Посетено 471 пати