Моите нови другари

statuite na zoki_majkatiitatkoti

Има една клупа на моја Улица на која
секогаш седат едни те исти старци.
Секогаш ги поздравувам, како што
е ред, они насмеано ме отпоздравуваат
и еднаш решив
да им направам муабет.
„добар ден баби и дедовци“
„добар ден дечко“
„ве гледам овака секој ден
и многу ми е ќејф што гледам
дека сте другари и на стари години“
„да, многу е битно да имаш вистински
другари со кои ќе ја споделиш староста
а ете ние се погодивме“
„а имате нешто деца, внучиња?“
„не“
„не???..баш ми е жал“
„зошто жал, навикнати сме..ти имаш?“
„не, немам“
„ако де имаш време, млад си“
„па да..него идам до дуќан па да ви донесам
нешто?..сок,кафе..нешто такво, да ве почастам
сум земал плата, мерак ми е“
„за мене сок“ – вика едниот дедо
„за мене наут, не смеам кафе“-вика бабата
„за мене..“
-во тој момент не’ прекинува еден комшија
„а бе Зоки што правиш?..добар си?“
„добар, зошто прашуваш?“
„па не приметуваш дека со скулптура разговараш?“
„каква скулпура?..со пензионериве зборам“
„а бе неарен, не се живи,еве пипни“
-и чука по нив
Чукам и јас, стварно не се живи…бронза е
„па што има врска, поубавав муабет имам со нив
него со пола пријатели“
-искрено си кажувам
„како сакаш, јас само да ти кажам“
Малку се замислив, ги гледам старциве…
„што има врска што не сме живи,
важно убаво се дружиме“
-ми викаат во еден глас
„да, во право сте, сега ќе ви се придружам“
Купив бронзана боја, се премачкав
и и’ седнав на едната бабичка во скут
Ја ставив главата на нејзиното рамо
а она само нежно ми ја погали косата
Ова ми е најпаметен потег во мојот живот,
единствен проблем е што ме серат чавки
а јас не можам да станам
да ги избркам

Посетено 912 пати