Многу сакам кога сум паметен

pedalinki_majkatiitatkoti

„колкуу ти чини Кољоо чифлиикооот…“
-си пеам додека се мислам кој акумулатор
да го купам, белиов, плавиов или црвениот?
„не се викам Кољо и не знам што е чифлик
јас авто делови продавам“
-промрче продавачот
„знам, само си пеам, ни јас не знам
што е чифлик ама мислам дека е за
пушење цигари“
„тоа е чибук, јас некако мислам дека
е нешто како елече, со свила на грбот
и со мало џепче за џебен саат
или за чување визит карти,
или евентуално бастум со GPS“
„хмм, можно да е бастумот, него кој
акумулатор да го купам?“
„па тој што ти одговара на колата“
„ама не гледам дека имаш металик-зелен
акумулатор а таква боја ми е колата“
„не мислам на тоа него колку волти треба да е?
волти?..па ваљда 220 исто како дома“
„тоа се вати, не волти и нема такви акумулатори“
„знаеш што, ај заеби, ќе ја палам на буткање“
Искачам се мислам кој да ме бутне
и згогледувам едно билдериште
„дечко ај ако сакаш да ме бутнеш
да запали колава“
„да те бутнам?, ако сакаш ќе те фрлам до кај сакаш
сосе кола, види ми ги мускуливе“
„добро, а можеш до Охрид?“
„нема проблем“
„супер, ај почекај секунда“
Влегувам пак во продавницава за автоделови
„ дечко што не се викаш Кољо имате
комплет за педалинка?“
„имаме, за каков модел?“
„па за алфа 155 металик зелена“
„светло или темно зелена?“
„темно“
„имаш среќа, баш такви има“
„одлично, поефтини се од акумулатор?“
„ехе 10 пати поефтини“
„дај ми едни..него зошто
имаш само едно око?“
„а бе имам 2, ама газдата ме пријави
како инвалид за да има некои бенефиции
од државава па не смеам да доаѓам
со 2 очи на работа“
„еј супер му текнало, а и за тебе подобро,
зошто да ги трошиш 2-те очи ако не мораш!“
„па да, паметен ми е газдава
не мисли само за себе него и на нас
работниците да ни е поубаво“
И ете си купив комплет за педалинка, ги монтирав на колата
ама билдеров го снема.
Нема врска, кај и да е ќе заврне
ќе се поплават улициве па ќе можам
Алфа –педалинкава да ја возам низ град
Ем здраво ем поефтино
А додека чекам да заврне можам
да седам во некое кафанче,
да ги испијам
парите што ги ќарив
во разликата во цена што не купив акумулатор,
па и да се начукам голема работа,
и онака не сум чул дека треба дозвола за педалинка!
Да, најпаметно ми е тоа,
значи многу си се сакам кога
имам паметни денови

Посетено 1.176 пати (1 денес)