МК ТЕЛИЊА

guzva soobrakaj-pocetna_majkatiitatkoti
Се качувам утрово на ПМФ и што да видам, на острата кривина (кој бил знае) застој – редица од 7-8 коли. Гледам заглавен голф шлјафува, шоферот се труди и другар му бутка. МК мажињата си седат во топлите коли и НЕ МРДААТ. Не ми се верува. Излегувам и почнувам да им тропам по прозори и да викам:“Ајде мажиња излегувајте да му помогнеме на човекот“. Нормално тие ме гледаат како Луда Мара, а јас нив како МК телиња. Излегоа едвај и го избуткаа човекот многу лесно. Продолжуваме да се движиме. Девојче заглавено на патот шлајфува. Ја одминуваат МК телињата бидејќи, нели, имаат простор да се мушнат. И така натаму….

Чудовиште од народ! МК телиња со ситна душа!

Посетено 1.590 пати