Мислиш дека ако ми свирнеш од Мерцедесот, ќе се свртам и ќе ти пријдам?

Мразам сексистички коментари, мразам клошари што фаќаат за газ по улица, мразам простаци кои секојдневно шетаат низ центар и знаат да кажат се за секој, иако го немаат запознаено лично.

Најверојатно кога ќе им пристапите на ваквите со прашањето зошто го прават тоа, ќе ви се испонашаат или ќе ве навредат дополнително, а доколку им пристапите без прашање со лептир не се исклучува и варијантата да се посерат во гаќи.

Но, зошто да биде комплицирано кога може да биде едноставно?

Зошто да сте клошари кога може да сте јаки момци кои би им го привлекле окото на секоја девојка?

Зошто да свирите по улица од автомобилите и да дофрлате коментари кога гледате дека девојките не ве акаат од кур додека го правите тоа.

Од асфалт може да ве акнат доколку се закачите со некоја чиј батец е смрдено копиле, е тогаш сте наебале.

Но, повторно ќе прашам, зошто да биде тоа така?

На пример, кога јас излегувам по мини или со деколте, нема селанец, а да не се сврти и да искоментира како би ми го закачил, а најверојатно тоа ќе го направи само на сон.

Овој текст не е напишан за да ги навреди таквите, туку за да ги опамети доколку се уште има надеж за нив.

Посебен поздрав имам до оние кои знаат да свират од автомобили како што се Мерцедес, БМВ, Голф и слично…мислат дека господ го фатиле за мадиња со автомобилите од Германија без таблици. (прости ми господе што те споменувам)

Ваквите мислат дека девојките само во нив се гледаат, само нив ги сакаат и слично.

Не дека нема такви девојки кои газ би дале за да го седнат во некој автомобил, но повеќето мислам дека не се такви. (се надевам дека не се такви)

Затоа момци време е да попримите малку светска култура и да започнете да се однесувате светски, кога веќе не живеете светски, живеете во Македонија, а Македонија понекогаш се запрашувам дали навистина е дел од светот или ние сме вонземјани.

Никој не заслужува да му го нарушувате одењето по улица бидејќи секој е слободен човек и може слободно да се движи без вие да му свиркате и да го коментирате сексистички.

На кучките им се свирка за да дојдат, не на девојките, тие никогаш нема да ви пријдат доколку им свирнете од Мерцедесот, напротив ќе ве одминат со гадење изустувајќи ја реченицата – “Каков шутрак!”

Нешто што јас го кажувам секој ден и веќе устата пења ми фати од тоа…

Посетено 7.800 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!