Мислата како решение

bookshop-girl-thinking-vintage-hd-wallpaper-asia-bokeh

И кога сите бродови ќе потонат, ти помисли на брод кој плови.

И кога небото ќе биде темно и мрачно, ти помисли на сино и чисто небо.

И кога секој ден ќе ти врне дожд, ти сети се на сончевите зраци како ти ја топлат душата.

И кога солзите не ти престануваат, помисли на насмевки, сети се какви чувства раѓа секоја една насмевка.

И кога ќе ти се навртат лоши и пакосни мисли, сети се на моќта на убавата мисла и што таа носи со себе.

И кога ќе те навее снег во градите, сети се на дрвјата во пролет. Почувствувај го мирисот на расцутени дрвја во пролет.

И кога ќе те дуваат силни и ладни ветришта, ти помисли на виножитото. Сети се на неговиот прекрасен колорит од бои. Помисли дека тоа се појавува како знак од Бог дека е со нас.

И кога тагата ќе ти стане најверен пријател, ти сети се на радоста. Помисли на радосните моменти од твојот живот. Оние моменти кои секојдневно ти се појавуваат како слајдови на бело платно кога ќе ги затвориш очите.

И кога не веруваш, помисли на вербата. Сети се колку пати таа ти донела убави нешта. Помисли колку пати таа не те разочарала.

И кога сомнежот ти тропа секој ден на врата, сети се на патоказите од Бога. Помисли колку пати ти докажал дека постои.

И кога ќе посакаш да се предадеш, сети се на успехот кој го достигна при едно твое дамнешно паѓање.

Секогаш кога лоши мисли ќе ти дојдат, помисли на доаѓањето на убавите мисли.

Помисли на фактот дека сите убави мисли привлекуваат да ти се случуваат убави и позитивни нешта во твојот живот…

И кога лош сон ќе ти дојде навечер в постела, ти помисли на среќните краеви во бајките.

И не заборавај да веруваш во нив.

Бајките навистина постојат. . .

Посетено 1.472 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!