Менување програма

programa-tv_majkatiitatkoti
Течат вести во позадина –
од едни мед и млеко,
од други крв и гној.
Вечерта е млада убавица
што ќе остари преку ноќ.
Ѕвездите веројатно веќе излегле
на бината, но јас овојпат ќе ја
пропуштам претставата.
Нешто ми говори дека наскоро
ќе се случи нешто многу убаво,
нешто што целосно ќе ни ги
промени животите.
А сè се менува: јас, вие, градот, светот…
Несклоноста кон промени е
привилегија на самодоволните
и недоветните.
Сакале или не, се менуваме постојано,
особено во едноличноста на секојдневието.
Но некогаш треба да минат години за да
го сфатиме тоа – за себе и за она околу нас.
(Инстант-промените се најефикасни
но секогаш завршуваат со жртви.)
Ми пукна филм, станав и го
променив каналот на тевелевизорот.
Музика, и веднаш почнав да ѕенѕам со нозете.
Во ова тапа време, годи дури и мигновна
промена на расположението.
Нешто ми говори дека наскоро
ќе се случи нешто многу убаво,
нешто што целосно ќе ни ги
промени животите.
Посетено 305 пати