Луксузна вила со поглед на Средоземно море во Сен Тропе

Vila des Parcks – Sen Trope  
vila sen trope_majkatiitatkoti[fblike]
Vila des Parcs  е имот кој се наоѓа на самата морска обала и кој може да се изнајми. Во оваа вила, можете да уживате како да не сте на овој свет, туку во некоја волшебна земја, креиран според вашите желби.
Со традиционалниот стил измешан со модерни елементи, оваа луксузна вила има простор од 500 метри квадратни, а секој свој посетител го воодушевува со неверојатната панорама на Медитеранот. Приватна и спремна да угости секого и да се погрижи најдобро што може за неговите потребите на својот гостин, оваа луксузна вила ви нуди пристап до најубавите плажи во околината. Загарантирана ќе ви биде добра разонода, а чувството кое ќе го имате тука ќе го памтите до крајот на својот живот.
Заобиколена со прекрасни тераси, со сјајни плажи и бистро море, оваа приватна вила ви пружа простор за уживање внатре и надвор. Al fresco оброк, покрај море или во градина, ви даваат опција на безбрижно уживање во овој неверојатен амбиент. Замислете си го топлото летно ветре додека ислегувате на тераса од кога ќе се разбудите. Голем инфинити базен, поглед на кристално чисто море, ќе ги освежат важиот ум и тело и ќе ја смират вашата душа.
Персоналот само чека на вашиот повик, вашата желба или потреба. Тие се тука за да ви овозможат се што ќе посакате. Свежо и мирисливо цвеќе го декорира просторот на оваа прекрасна вила. Постелнината е високо квалитетна, створена за безгрижен сон во рајот. Во купатилото ве очекуваат производите на Bulgari, а сите детали се грижливо одбрани и изложени, за да го креираат совршеното опкружување.
VILA DES PARCS – SEN TROPE
Посетено 1.619 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!