ЛОЗА: Сè ќе си дојде на свое место (Џамбо интервју со Емилија и Игор)


Моето прво интервју. Пет-шест прашања и..толку. На крајот сфатив, ама кога веќе беше доцна. Јас сум му предгрупа на газдава мој.

Еј животе – идиоте!

Прашања ги постави Никола Ристевски.

emce-pocetna_majkatiitatkoti
Здраво живо Емилија. Ти благодарам за овозможената прилика за интервју.
Како нè гледаш нас, хомо – сапиенсите?
Не ве ни гледам. Чекам прво Вие сами да си се видите. Макар и во огледало.
Умен и послушен ли е газдата?
Кога треба – да. Кога не треба – не. Арен е сега. Прибран некако.
Бидејќи си дама, не те прашувам за години, туку дали можете да им го продолжите животот на луѓето (оти – нели имате по девет)?
Па да…еве баш вчера газдата мој ми побара еден живот, онака на подарок. Тој си има еден резервен, ама сакал уште еден. Тоа е таа хомо-сапиенска незаситност.
Каде живеат најличните мачори во Македонија?
Во Козле. Најличните. А во Охрид најбрзите. Во Маврово најздравите, а во Слепче оние љубовниците…

emce-mavrik_majkatiitatkoti

Што би им порачала на читателите?
Мили мои и никогаш не прежалени македонски хомо-сапиенси, држте се!
Ќе го пуштеш ли газдата твој на малку муабет со ЛОЗА?
Молам? Знаев јас дека има некаква измама овде. Го пуштам, еве ви го. Дома да си го земете.

emce i igor-2_majkatiitatkoti

Здраво живо, г-ине Џамбазов. Благодарам за овозможената прилика за интервју. Се надевам дека ќе го претставиме вашето учество во македонската култура на начин кој што ќе допре до различните генерации кои што ја читаат ЛОЗА, а можеби и ќе ги инспирира помладите. 

Целото интервју може да го прочитате ТУКА
Певземено од ЛОЗА

(Посетено 2.193 пати, 2 денес)

Поврзани Статии

Оставете одговор

*