Лицемерие и хипокризија од невидени размери… па дури и кога за живот се работи!

pDAuk3m[fblike]

Стојам на каса во аптека и чекам една жена да заврши со рецептите. До мене од лево наредени кутивчиња презервативи. Најевтините 69 денари, следните 87, а на Дурексот воопшто и немаше цена, верувам не се помалку од 100 денари. Пакетче 3 во 1.
Па си помислив, колку деца и млади излегуваат со 100 денари џепарац за кафе? Еве и 200 нека се, за него, за неа, а за Дурексот? Боже мој, не мора! И потоа ХПВ, СИДИ, кандиди, ракови, несакани бремености, абортуси, неплодност…
Некаде во светот по кафичи во садови се оставени презервативи по шанковите и баровите секој да си се послужи ако му требаат, како со бонбончиња… Или да си земе од апарат за 5 денари на пример… Кај нас, јавно и со зборови се грижиме за младиве демек, а она што им треба за да бидат згрижени и заштитени, им го правиме недостапно. Лицемерие и хипокризија од невидени размери… па дури и кога за живот се работи! Она…Каков живот на младите бе, кога може од нив да се профитира!?! Башка за табу тема – срамотни работи. Кој ги врти!

595x90

Посетено 5.937 пати