Латас во Јади Бурек (16 Mарт 2008) РЕПРИНТ

Ги следев последните 10 мин. од емисијата Јади Бурек, во која гостин беше Драган Павловиќ-Латас, и се` што успеав да перципирам и чујам, беа 2-3 фрази и зборови искажани од Латас, во стилот:
      [list type=” icon-bullhorn”]

        [li]Блогерите се копиљаци…[/li][li]Јас новинар…[/li][li]Јас Скопски фраер…[/li]
[/list]
Е, сега копиљу Латас, новинару и Скопски фраеру, Батаџанго ќе ти ги објасни овие три работи. Најнапред зборот КОПИЉ, со цел, копиљ еден, да не ги нарекуваш така блогериве мои драги!
Копиљ е скопско дете…
[list type=”icon-check”][li]…кое, кога ќе му речеш, да иде и да ти купи “Биљана” со плав филтер, ти носи “Морава”, Нишка, без филтер.[/li][li]…кое, кога ќе го пратиш да ти раситни стотка од црвените, ти носи 2 вреќи алуминиумски динарки, двадинарки и петдинарки.[/li][li]…кое, за 2 динари ќе чека ред со шиткачите пред кино “Братство” за да неговиот нарачател вечерта иде со женската да го гледа “Тарзан“ со Џони Вајсмилер.[/li][li]…кое, не вели не, кога ќе го пратиш по трзалица од Чардак до Дебар Маало…можда нема да се врати али, отишол.[/li][li]…кое, кога сте праеле скара на два камења у Сарај, дојадува тоа што останало и го гаси жарот со мочање.[/li][li]…кое, краде грозје во лозјата во Пржино, за нарачателот, а за возврат добива да разгледа 2-3 страни од последниот број на “Чик“.[/li][li]…кое, го бутка твојот точакот од Бит Пазар до Арсиќ, за да овој ја среди предната виљушка а копиљот врти 2 наградни, пробни, круга….[/li][li]…кое, без надокнада, едноставно од почит, ќе иде на некоја твоја симпатија од корзо, да и каже дека ти се свиѓа и дека сакаш да тргнеш со неа за озбилно.[/li][/list]
Новинар…
[list type=”icon-check”][li]…е човек кој го промашил своето занимање (Бизмарк).[/li][li]…не е оној, кому, Ненад Прелиќ-Неџми во “Анфас“ си праи пародија на “Профил“.[/li][li]…не е оној кој што вели: “Вечер”, тоа не го кријам, е близок до ВМРО-ДПМНЕ.[/li][li]…не е оној кој што е Уредник во 2 медиуми.[/li][li]…е оној, чии дневен весник, го купуваат граѓаните на киосците, а не оној кој се чита Интернет. Таму се чита она, за кое не би дал ни 15 ден.[/li][li]…не е оној, кој во својот весник (Вечер, 15-16.март 2008 год.) ќе го стави овој виц: Седат 2 слона покрај базен па едниот на другиот му вели: – Допиј го тоа, па да тргнеме![/li][li]…не е оној, кој што, кога седиш со еден од најголемите Балкански аналитичари Драган Николиќ (Бог да го прости), и кога ќе го споменеш името на Латас, ќе рече: Ма, пусти шарлатана![/li][li]…не е оној, поради кој што, Бошко Нацевски се срами да купува “Вечер“! (Не верувам ниту дека бесплатно го чита на Интернет).[/li][li]…не е оној, кој е толку повеќе лош, колку што повеќе филозофира![/li][li]…не е оној кој во Уводникот ја одредува линијата а второстепено за него е дали некој го чита…[/li][/list]
Скопски фраер…
[list type=”icon-check”][li]…Седи у стариот Букет.[/li][li]…Спие и шлајка од три пути![/li][li]…Да знае на гитара да ја свири “Док палме њишу гране“.[/li][li]…Купува шушкавци у Италија.[/li][li]…Разговара со Панче молерот у Бристол[/li][li]…Лета голуби.[/li][li]…Дипломира на време.[/li][li]…Игра фанта со алуминиумски динари.[/li][li]…Да ја гледаш “Славица“ на ѕидот карши Официрски.[/li][li]…Да играш мал фудбал, на старото кошаркарско на Вардар, со Гуец, Ристо, Мите…[/li][li]…Да тепаш баскет со Лазов.[/li][li]…Да ја носиш женската на игранки у Медицинар.[/li][li]…Да бркаш женски на плажа на кривина.[/li][li]…Да играш преферанс.[/li][li]…Да знаеш да свириш на уста кога ги спушташ голубите.[/li][li]…Да јадеш гирици у Таверна.[/li][li]…Да се облакаш као Гроф-от.[/li][li]…Да навијаш за Вардар седејќи у ложа на старата Јужна.[/li][li]…Да играш ОЛДИ на Градска плажа.[/li][li]…Да си мајстор за бојник и мрена.[/li][li]…Да си полагал за ручна на тумбата у парк…[/li][/list]
Ете, толку од мене, “новинару“, “копиљу“ и “скопски фраеру“, Латас.
Ова наводнициве се ставени намерно, затоа што не ги исполнуваш, или делумно ги исполнуваш, условите од дефинициите за наведените функции.
п.с. Околу плескањето, да ти кажам право, бевме као Чола у Београду , плескавме што ќе стигнеме и кај ќе стигнеме, дури и девојки на новинари.
Оргинално објавено на 16 Март 2008 
Посетено 13.313 пати

Бата Џанго

Бата Џанго

Бата Џанго