Квалитет

podotvorena-vrata_majkatiitatkoti
Луѓето се направени од ултра-квалитетен материјал. Творецот не си играл рулет кога ги создавал. Многу често се случувало некој од кого сите кренале раце да се освести и да стане сушта спротивност на она што некогаш бил. Дури и да постигне многу големи нешта. Се е до мотивацијата и вистинскиот момент. И некогаш ќе ни биде криво кога некого ќе испуштиме од раце затоа што сме се разочарале и сме изгубиле надеж во него. А види го сега, во сосема ново светло, со идеја, со правец, со цврстина и одлучност, со сето тоа што некогаш му фалело. Не е секогаш до нас. Едноставно не може да се очекува секој да знае каде му се на другиот тајните прекидачи, па постојано палел некои си погрешни. Ама ете, некој друг знаел каде треба да пипне за машината да се разбуди од сон и да почне да меле со полна сила. Затоа, оставајте ја вратата подотворена. Не ја затварајте засекогаш. Дека не знаете дали заклучената врата наместо негов, ќе стане ваш затвор.
(Посетено 1.039 пати, 1 денес)

Поврзани Статии

Оставете одговор

*