Курнаски Алтер-Ега

[fblike]denari vo novcanik_majkatiitatkoti

-сите спијат а ние сме сами
-кој ние?
-па јас и ти
-ти не постоиш, ти си ми алтер-его
-како не постојам кога разговараш со мене?
-добро, ќе те исклучам и ќе останам само јас
-не можеш
-можам, кај ти е копчето за исклучување?
-не ти кажувам
-ќе те треснам од земја ако не ми кажеш!
-доста се карате не можам да спијам – (слушам непознат глас)
-кој си па ти?
-јас сум алтер его на твоето алтер- его
-аман бе..а и ти да не си имаш алтер- его?
-да, секое алтер- его си има свое второ „јас“
-аха..и колку такви „алтереговци“ живеете во мене?
-јас знам за 25
-25-орица живеете во мене а само јас плаќам вода, струја
даноци и глупости ??..е нема да може,
од сега сите сметки заеднички ги плаќаме, ЈАСНО?
Штама, нема одговор
-ЈАСНО?
Пак нема одговор..еј какви курнази се не ми се верува
Типични македонски алтер-ега, а им бараш пари
одма метак фаќаат

Посетено 583 пати (1 денес)