Куќи Инспирирани Од Филмската Естетиката На Славните Режисери


Проект на Federico Babinababino-archidirector-pocetna
Шпанскиот архитект и графички дизајнер нацрта 27 имагинарни куќи
со кои сакаше да го отелотвори специфичниот филмски стил
и естетика на незаборавните режисерскио великани како што се
Wes Anderson, Stanley Kubrick, David Lynch, Charlie Chaplin…
Во својата нова серија на илустрации, која ја нарече “Archidirector” Шпанецот Федерико Бабина повлече аналогија меѓу архитектура (односно нејзините варијации) и стилот на снимање на култните режисери. “Режисерите се архитектите на филмската уметност”, тврди Бабина, “Они ја градат приказната што го плени гледачот и го влече кон различни светови токму како што тоа го прават и зградите. Секој со својот стил, јазик и естетика смислуваат, планираат дизајн и креираат места и приказни што не водат во текот на целиот филм.
Различните стилови и естетиката околу која се гради филмот Федерико Бабина ги интерпретира како структурни елементи, бои и материјали, а сите под заеднички именител на силна и јасна индивидуалност. Специфичниот филмски јазик е преведен преку цртеж и архитектонска геометрија. Во филмот  секој деталљ функционира како градежен материјал со уникатен уметнички печат на режисерот. Бабина сака со овој проект да докаже дека сличен пристап се применува и во архитектонскиот дизајн – секој најмал детал помага да се создаде уникатен потпис на авторот.
(Посетено 387 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*