Крајот на врската помеѓу Анџелика Хјустон и Џек Николсон

THE BIG FABULOUS

The Big Fabulous_majkatiitatkotiВо адаптацијата од вториот дел на нејзините мемоари, Анџелика Хјустон пишува за крајот на врската со Џек Николсон, споделувајќи детали од денот кога го нападнала после аферата со друга жена и потсетувајќи се на ноќта кога тој и кажал дека актерката Rebecca Broussard носи негово дете. Откако еден пријател и се јавил на Хјустон за статија во Playboy која се однесува на Николсон и друга жена, Хјустон напишала “Дивјачки го претепав по главата и рамената. Тој ме избегнуваше и се наведнуваше, а јас го напаѓав како боксер, со широк спектар на директни удари.”

Според Хјустон, Николсон бил љубезен следниот ден велејќи “По ѓаволите Toots, неколку удари слетаа на мене. Изгребан сум по целото тело.” На што Хјустон одговорила “Повели и следен пат, Џек- ти го заслужи тоа.”

Во 1989 година, за време на пробите за The Grifters, Хјустон добила повик од Николсон кој ја поканил на вечера. За време на десертот Николсон најавил “Имам нешто да ти кажам.” Зборовите излегле одмерено и лесно “Некој чека бебе.” Хјустон пишува дека во тој момент почуствувала како тоа да е нешто веќе видено, ја потсетило на моментот кога татко и им кажал на неа и на нејзиниот брат дека имаат брат. Николсон и кажал на Хјустон дека ќе остане со Broussard, но во секој случај не сака ништо да се промени, на што таа му одговорила “На оваа слика има место само за една од нас, а јас ќе се повлечам.”

Хјустон во своите мемоари исто така пишува за подарокот кој Николсон и го испратил за Божиќ. Тоа била невообичаена нараквица од бисери и дијаманти каква што Frank Sinatra некогаш и подарил на Ava Gardner, а на картичката напишал дека се надева оти таа нема да го смета за арогантен и заклучил со мислата “Ова се бисери од твојата свиња. Среќни празници! Твојот Џек.”

Хјустон пишува дека Николсон и давал разни прекари како ‘Fab.’ Како и ‘The Big Fabulous,’ кое што потоа со германски акцент преминало во ‘Ze Bik Fabuliss.’ Тогаш Хјустон пишува “Јас не знам зошто, но моето име се разви од ‘Toot,’ кое се римува со ‘foot,’(стапало) или ‘Tootie,’ кое премина во ‘Tootman Fabuliss.’ Понекогаш, пишува Хјустон тој ја нарекувал и ‘друже’, а таа тоа го мразела бидејќи според неа тоа подразбира недостаток на романтика. “Јас не сакав да бидам неговиот ортак, туку љубовта на неговиот живот.”

Хјустон вели дека Николсон им давал прекари и на другите како што се Warren Beatty, ‘The Pro’и Marlon Brando, кој го нарекувал ‘Marloon.’ Николсон на Art Garfunkel се обраќал со ‘The Old New G.’ Дури и неговиот автомобил, прекрасниот Mercedes 600 бил крстен како “Bing.” Во мемоарите Хјустон споменува и за тоа дека Џек многу го сакал името Harry Dean Stanton и секогаш го споменувал во некој дел од своите филмови. Без разлика дали иницијалите ќе бидат графити на затворските ѕидови, или ќе бидат изрезбани во дрво, доколку погледнете подетално во филмовите од овој период сигурно во некој дел ќе забележите ‘H.D.S.

Посетено 905 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!