Колку зборови знаеш на „Х“?

„Колку зборови знаеш на „Х“?, јас во основноHOT-DOG-animated3
освоив прво место за тоа“ – ме прашува новиов другар
„па неколку.. хипофиза, хипотеза, хипокризија“ – си признавам
„Добро бе, не знаеш некој нормален збор?“
„Како нормален?“
„Па како хохштаплер, хеланки, хебла, хилта, хлеб..“
„Леб се вика“ – го поправам
„Ти ќе ми кажеш хретену еден“
„Кретену мислиш“ –пак го корегирам
„Ај доста ме поправаш кога немаш појма“
„добро, ќе идеме сега да јадеме?“- се откажувам од солење памет
„може само не знам што да одберам, дали хот-дог
или сендвич со хреновка да си земам?“
„А да пробаш со виршла, поубави се“- ми пука филм
„добро, да те послушам, ако така викаш“
„иначе сега ми е јасно зошто си освоил прво место“
„што?“
„ништо, ништо“
(офф мори мајко со кого се дружам???)

baner-latte-595

Посетено 1.707 пати