Кој ја сака Македонија?

Долго време слушаме дека некои се патриоти, некои предавници, некои терористи, некои бранители… Чудно е тоа што сите ја “сакаат” Македонија а ставовите им се дијаметрално спротиставени….За ќар, за зијан, за полигон на луди идеи, за живот,за дробење, за безгрижно создавање семејство…?


Јас навистина не знам, не сум веќе сигурен во ништо.

Едните бранат другите напаѓаат, после тие што бранат напаѓаат а пак напаѓачите бранат. Всушност имаме “контраши” и контра-контраши и никако да тргнеме напред, барем во “прва”, па да видиме каде моторот ќе се “засити” за да префрлиме во “втора”….

Некои земји возат во “пета” или “шеста” но ние никако да ја префрлиме брзината од “рикверц”. Барем да бидеме во “лер” па да се движиме онака, по удолницата по која сме тргнале и можеби ќе се залетаме толку многу, па со таа брзина да ја искачиме угорницата која за нас во овој момент е недостижна.

Кој ја сака Македонија и зошто?

Едно знам сигурно.

Јас ја сакам Македонија како дедовина, татковина, мајковина, братовина, сестровина, децовина… Како мојот дом, и сакам да возам во сите брзини, онака како што ми диктира срцето.

п.с

Македонија е мојот дом и никој не смее да чепка во него.

Се колнам во овој пиштол и во оваа кама што ги бакнувам!

Посетено 1.546 пати (1 денес)