Кои се 8 најбогати луѓе во светот?

Големо истражувања на Оксфам
Tko su 8 najbogatijih ljudi svijeta?
Oxfam  е непрофитна организација посветена на борбата против
сиромаштијата и секоја година објавува извештај според кој е
очигледна разликата меѓу најбогатите луѓе
во светот и остатокот на популацијата …
Не треба премногу да следите економија или политиката за да знаете дека општеството не е во најдобра состојба во смисла на финансиска сигурност. Се разбира, лесно е да се изгуби перцепцијата на реалноста додека  гледаме објавуви на пријатели и познати личности на социјалните мрежи или да читаме таблоиди и гледаме најнови холивудски филмови, но веќе сите знаеме дека медиумите сакаат да прикажуваат нереална слика за светот во кој сите безгрижно уживаат и евентуално размислуваат за следните егзотични дестинација за одмор. Реалноста е, се разбира, километри далеку од тоа, и секој кој и денес се уште тврди дека никој не треба да биде сиромашен, ако не сака, не ги разбира постулатите на денешното општество. Да ги предупреди на растечката нееднаквост помеѓу општествените групи,  непрофитната организација Оксфам секоја година прави листа на најбогатите луѓе во светот, а нивната вредност ја споредува со мнозинското население. Целта на овој проект не е да вперат прстот на богатите луѓе и да ги натераат да се срамат од состојбата на нивната банкарска сметка,  туку да апелираат на нивното влијание во економијата и политиката што во крајна линија може да резултира со подобра социјална состојба.

Tko su 8 najbogatijih ljudi svijeta?

Листата, токму поради таа причина, секоја година се објавува непосредно пред состанокот на моќниците во рамките на Светскиот економски форум во Швајцарија. Резултатот секоја година е се повеќе и повеќе неверојатен, но нас парадоксално, се помалку не изненадув. Минатата година е утврдено дека 62 најбогати луѓе во светот поседуваат богатство еднакво на богатството на половината од светската популација, односно отприлика околу 3,6 милијарди луѓе, додека во претходните години тој сооднос бил помал. Оваа година како општество дефинитивно го допревме дното, бидејќи е објавено дека само 8 од најбогатите луѓе во светот имаат богатство колку што има половината од светската популација.
Податоците за имотната состојба се земени од листата на списанието Форбс, а оваа година, Бил Гејтс повторно го освои првото место, со 75 милијарди долари. Сопственикот на Индитекс(Зара), Амансио Ортега Гаона дојде на второто место со 67 милијарди долари, додека инвеститорот Ворен Бафет на третото место со 60,8 милијарди долари. Четвртото место му припаѓа на мексиканскиот бизнис магнат Карлос Слим Хелу со 50 милијарди долари, на петтото место Џеф Безос (основачот на Амазон) со $ 45,2 милијарди долари, шестото место Марк Цукерберг со $ 44,6 милијарди долари. Последните две места припаѓаат на Лоренс Џ Елисон (Oracle) со $ 43,6 милијарди долари и Мајкл Блумберг, со 40 милијарди долари.
Tko su 8 najbogatijih ljudi svijeta?
Симптоматично е да се напомене дека на листата доминира стандарниот профил на белци, оставајќи ги жените и припадниците на другите раси кои треба уште малку да се борат за својата позиција во хиерархијата. Ако овие луѓе ја здобиле нивната сопственост според законот,  не може да им се приговори ништо на таа основа. Сепак, со оглед на фактот дека светот е далеку од идеален, мораме да се потсетиме на потребата за филантропија и свесност за сопствените права. Покрај тоа, понекогаш треба да се потсетиме дека овој вид на општествена поделба на ресурси не е природен закон што не може да се промени и не е нужно дека денес луѓето се уште умираат од глад или бенигна болест, додека другитр купуваат веренички прстени од неколку милиони долари, или како превозно средство за на работа користат хеликоптер.

baner-igor-forza

Посетено 1.288 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!