Кога веќе ја вртиш главата, врти ја до крај

koga-ja-vrtis-glavata-vrti-ja-do-kraj-1

Погледот го спушташ кога поминувам, те заминувам,
се гледаш кришум потоа, се прашувам зошто?
Потоа сфаќам, човек не се менува, каков што си бил во врска таков си и после врска, без врска.
Не можеш да одрекуваш, не можеш да пререкуваш, не можеш да се жалиш.
Бидејќи јас никогаш не ти одреков дека те сакаВ, никогаш не ти пререков дека не ме сакаШ, никогаш не се пожалив кога ме оставаше.
Се преправаш дека не ме гледаш, таков беше и кога бев покрај тебе, како загар те следев наоколу, уште ремче да ми купеше па да ме шеткараш така наоколу во паркот, стриктно во паркот.
Бидејќи кучињата се шетаат во парк, нели?
Лаев како некое недораснато се додека не сфатив дека ти си глув, лаев барав љубов, но аш буба.
Немаше.
Имаше само трошки испратени од Америка, Бугарија, Австралија, си викам не сум кокошка да се ранам со трошки, сепак сум гладен загар кој може да те распарчи и да се најаде од твојата болка.
Повторно ме гледаш, но потајно.
Анализираш, се сеќаваш, се порекнуваш, се каеш, си викаш да ме сакаше немаше да си ја заврти главата, а јас ќе ти речам, нема да ме сакаше.
Јас тоа да ме сакаше одамна го избришав, уште првиот пат кога се разделија патиштата.
Тогаш да ме сакаше беше најважно, останатите безброј пати беа неважни, затоа беа и безброј.
Добро викаат, едно ама вредно, едно дело е доволно добро одвратно за да уништи се.
Тогаш ниту да ме третираше како џукела, да ме шеташе со гордост пред сите, немаше да бидам среќна.
Погледот го спушташ кога поминуваш, ме заминуваш, се гледаш со работ на окото кон мене, се прашувам зошто?
Кога веќе ја вртиш главата, врти ја до крај.
Де бре… не е тоа толку комплицирано, научен си да вртиш работи во животот, како на пример да ме вртиш мене на малиот прст.
На истиот тој начин врти ја главата кога ќе ме видиш, без да ме погледнуваш, врти ја за 360 степени, но пази да не си го скршиш вратот.
Бидејќи кога вртиш нешто постојано, нагло, знаеш пука, се крши, кога ме вртеше мене постојано, пукнав, се скршив.
Кога можеше да ја свртиш главата до крај тогаш, сигурно можеш и сега, нели?
rimmel_london
Посетено 3.494 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!