Килимчето

Си купив килимче, многу убаво
100% памук или волна или пластика
не знам точно ама не е битно
Го ставив на паркет
и мантрав
„Робин Шарма, јави се, Робин Шарма..’
„еве се јавив“ – ми се појавува една коцкаста глава
„ти си Сарма од Сител, мислев на Шарма писателот
што не’ тупи со глупости“
„па и јас знам да тупам“
„хаха извини ама овој те шие“
„ок, ај чао“
„чао“ – продолжив да мантрам
Го нема, не знам што е работава со Шармава
После пола саат ми скурчи
„ај па и јас ќе го молам, кој го ебе,
ај ќе пробам да летам, можда е
волшебно килимчево“
Ама џабе, не било волшебно
За што друго служи килимче?
Да, сум гледал во филмови.. во него ставаат
мртовци и после го палат
Супер, само мртовец ми фали.
Се јавив во Бутел, не ми дадоа
И на патологија ме откачија
Да убијам некого?
Не, не сум таков
Сам да се убијам?
Ама како мртов да се замотам со килимчето
и да го запалма?
Никако, технички неизводливо.
Еј да како не ми текна порано, ќе и’ се јавам
на некоја бивша што ме мрази, гарант нема да ме одбие
„Марина здраво“
„што ми се јавуваш, стоко една, ѓубре едно“
„за твое добро се јавувам, ќе уживаш“
„што ќе уживам, само ако те убијам ќе уживам“
„па слично нешто, јас ќе се убијам а ти само дојди,
завиткај ме во новиот килим и запали го,
не би те молел ама не можам сам
а знам дека ти ќе уживаш“
„хохох како ќе уживам немаш појма, одма доаѓам“
Супер, ќе дојде уште да смислам како да се убијам.
Да сечам вени? … не, се гадам од крв.
Апчиња немам…а ни пиштол.
Струја да ме мавне? .. тешко, ме мавна
еднаш и не умрев.
А гром?..и тоа тешко, како да ме удри гром во дневна на фотеља?
Леле што коплицирано било ова,
зошто уопше го купив килимчево?
friteza_majkatiitatkoti
Нема врска ќе идам да го сменам за фритеза
„а бе уште не си мртов?“ – го слушам гласот на Марина,
се вртам и ја гледам нејзината бесна фаца
„извини, се предомислив,
ќе го вратам килимов … леле колку добро изгледаш“
„стварно или ме мафташ?“- сомничаво прашува
„не те мафтам, преубава си, многу позгодна од порано“
„фала… а јас уште те сакам“
„знаеш што, мислам дека знам што да правам
со килимчево“
„даа, што?“
„соблечи се и седни до мене“
И така, му најдов многу попрактична
примена на килимчево ама дефинитивно
е 100% синтетика,
жива вода се направивме.

Посетено 389 пати