Кендел Џенер Ново Лице Во Кампањата На Келвин Клајн

[fblike]Рекламната кампања #mycalvins

Kendall_Calvin_Klein_pocetna_majkatiitatkoti
По потпишувањето на договорот со куќата Келвин Клајн,
младата  Џенер се појави и како заштитно лице
на кампањата #mycalvins

19-годишниот модел молскавично го освојува модниот свет. Веќе за  прв пат можеме да ја видиме во визуелизацијата на новата рекламна кампања на тексас линија на Келвин Клајн. “Тоа беше фантастично. Искрено кажано, веќе долго време  сонував за нешто слично. Рекламните кампањи на Келвин Клајн отсекогаш биле единствени и впечатливи!”, изјави Џенер за  WWD.
Целата рекламна кампања ќе биде објавена преку различни медиуми во мај, a визуелните елементи кои ќе ги краси слатката Џенер, ќе се појават во април во Лос Анџелес. “Благодарение на бројните фанови Џенер на социјалните мрежи, очекуваме глобална соработка кој дополнително ќе го зајакне брендот”, изјави маркетинг директорот Мелиса Голди
Колекцијата вклучува одлични парчиња тексас, дуксери, Т-shirt, casual  панталони, ранци и јакни. Почетната цена на едно парче ќе изнесува 58 $.

Kendall_Calvin_Klein_01

Kendall_Calvin_Klein_02

Kendall_Calvin_Klein_03

Посетено 735 пати (1 денес)

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!